Бозел

(Пренасочено од Sambucus nigra)
Бозел
грмушка
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Dipsacales
Семејство: Capryfoliaceae
Род: Sambucus
Вид: S. nigra
Научен назив
Sambucus nigra
L.

Бозел или црн боз (латински: Sambucus nigra L.) е растение од фамилијата Бозели (Sambucaceae). Бозелот е евроазиска билка, распространета на светли и топли места.

Особености

уреди
 
Цветови
 
Плод

Бозелот расте како грмушка или како ниско дрво. Кората на стеблото е сивокафена и распукана. Младите гранки се зелени, со забележителни лентицели, а кога ќе се скршат се гледа бела, мека срцевина. Листовите се поставени еден наспроти друг, непарно сложени во вид на перја, со долги зашилени и назабени ливчиња. Цутовите се крупни, во облик на штит, широки до 20 сантиметри. Цветотовите се со јак мирис, ситни, бели или бледожолти, со јасно видливи жолти антери. Плодовите се сјајни и тркалезни, со црновиолетова боја и со црвен сок. Бозелот цути во јуни.[1]

Лековити својства

уреди
 
Џем од плодови од бозел

Бозелот е лековита билка, а од него се користат цветот и зрелите плодови за подготовка на сируп, џем, вино, чај и друго. Цветот има сложен биохемиски состав, со што помага во излачувањето на потта и на мочта. Оттука, бозелот се користи за подготовка на чај, заедно со цветот од камилица или липа, кора од врба итн. Исто така, чајот од бозел се користи за лекување при настинки, грип, заболувања на горните дишни патишта и при ревматски заболувања. Чај од цветот на бозел им се дава и на децата заразени од овчи сипаници, со цел да се забрза оздравувањето. Цветот на бозелот дејствува и како диуретик и ги отстранува отровните материи кои се собираат при артритис и гихт. Најпосле, бозелот е корисен и за слабеење, зашто го забрзува метаболизмот и го исфрла вишокот вода од организмот.[1]

Од цветовите и зрелите бобинки се прави вино, а во Унгарија се подготвува како бренди, за што се потребни 50 кг овошје за да се добие 1 литар бренди. Во југозападна Шведска од бобинките се прави ликер, а во Белгија еден вид на џин.

Поради популарноста на традиционалните пијалаци направени од бозел, произведени се комерцијални пијалаци со вкус на бозел, како Фанта Шоката, на пример.

Отровен за цицачи

уреди

Освен цветовите и зрелите бобинки, сите делови на ова растение се отровни за цицачите, бидејќи содржат cyanogenic glycoside sambunigrin (C14H17NO6, CAS-број 99-19-4).[2] Кората содржи кристали од калциум оксалат.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Радиша Јанчиќ, „Бозел за настинка и крвоток“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 26.
  2. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)

Литература

уреди
  • Blanchan, Neltje (1900). Wild Flowers: An Aid to Knowledge of our Wild Flowers and their Insect Visitors. New York City: Doubleday. OCLC 16950204.
  • Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. HarperCollins ISBN 0-00-220013-9.
  • Bratu, Mihaela Mirela; Doroftei, Elena; Negreanu-Pirjol, Ticuta; Hostina, Corina; Porta, Sepp (April 2012). „Determination of Antioxidant Activity and Toxicity of Sambucus nigra Fruit Extract Using Alternative Methods“. Food Technology and Biotechnology. 50 (2): 177–182. ISSN 1330-9862.

Надворешни врски

уреди