Ромео и Хулиета

(Пренасочено од Romeo y Julieta)

Ромео и Хулиета (шпански: Romeo y Julieta) е име на две марки на висококвалитетни пури. Едната кубанска која се произведува за Хабанос, државниот тутунски комбинат во Куба, додека другата се произведува во Доминиканска Република за Алтадис.

Логото на Ромео и Хулиета

Историја

уреди

Марката Ромео и Хулиета е основана 1875 од Иносенсио Алварез и Манин Гарсија. Истата била именувана по Шекспировата трагедија Ромео и Јулија.

Помеѓу 1885 и 1900 марката освојува бројни награди на разни саеми (награди кои можат да се видат на нивното лого). Меѓутоа марката станала вистински успешна по нејзиното купување од страна на Хосе „Пепин“ Родригес Фернандес, бивш генерален директор на фабриката Кабанас, во 1903. Бидејќи бил голем космополит, Родригес постојано патувал низ Европа и Ј. и С. Америка.

Како резултат на неговиот комерцијален успех, марката станала исклучително популарна низ целиот свет помеѓу богатите купувачи, многу од кои барале персонализирани лентички на пурите. Во зенитот на нејзиното работење фирмата произведувала 2000 персонализирани лентички.

Сер Винстон Черчил бил веројатно најславниот приврзаник на оваа марка. Еден вид на витола од оваа марка е именувана „Черчил“ во негова чест. Пурата е со должина од 178 и пречник од 18.65 мм.

Со смртта на Родригес во 1954 (на возраст од 88), заради Кубанската револуција и национализацијата која ѝ следела, марката се преселила во Ла Романа во Доминиканската Република, каде производството на Ромео и Хулиета продолжува и денес под надзор на Алтадис. Кубанската влада ја национализирала марката и сѐ уште ја продава како една од најдобро продаваните марки на светот.

Витоли во асортиманот на Ромео и Хулиета

уреди
 
Кутија со Short Churchills (кратки Черчили)

Следнава список на асортиманот на Ромео и Хулиета содржи информации за должината и пречникот на пурите:

Рачно изработени витоли (Hand-Made Vitolas)

  • Черчил (Churchill) - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Хулиета, черчил
  • Беликосо (Belicoso) - 5 1/2" x 52 (140 x 20.64 mm) Кампана, беликосо
  • Ексибисион Бр. 3 (Exhibición No. 3) - 5 5/8" x 46 (143 x 18.26 mm) Корона Горда, торо
  • Ексибисион Бр. 4 (Exhibición No. 4) - 5" x 48 (127 x 19.05 mm) Ермосо Бр. 4, ротшилд
  • Казадор (Cazador) - 6 3/8" x 44 (162 x 17.46 mm) казадор, лонсдејл
  • Корона (Corona) - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Корона, корона
  • Пети Корона (Petit Corona) - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Марева, пети корона
  • Тре Пети Корона (Très Petit Corona) - 4 1/2" x 40 (116 x 15.87 mm) Францискано, тре пети корона
  • Пети Хулиета (Petit Julieta) - 3 7/8" x 30 (100 x 11.91 mm) Енреакто, мала панeтела
  • Кедро Делукс Бр. 1 (Cedro de Luxe No. 1) - 6 1/2" x 42 (165 x 16.67 mm) Сервантес, лонсдејл
  • Кедро Делукс Бр. 2 (Cedro de Luxe No. 2) - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Корона, корона
  • Кедро Делукс Бр.3 (Cedro de Luxe No. 3) - (129 x 16.67 mm) Марева, пети корона

Машински изработени, но рачно доработени витоли (Machine-Made and Hand-Finish Vitolas)

  • Ромео Бр. 1 (Romeo No. 1) - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Крема, корона
  • Ромео Бр. 2 (Romeo No. 2) - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Пети Корона, пети корона
  • Ромео Бр. 3 (Romeo No. 3) - 4 5/8" x 40 (117 x 15.87 mm) Коронита, пети корона
  • Мије Флор (Mille Fleur) - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Пети Корона, петио корона
  • Коронита ен Кедро (Coronita en Cedro) - 5 1/8" x 40 (129 x 15.87 mm) Пети Кетро, пети корона
  • Белведер (Belvedere) - 4 7/8" x 39 (125 x 15.48 mm) Белведер, пети корона
  • Регалија де Лондрес (Regalía de Londres) - 4 5/8" x 40 (117 x 15.87 mm) Коронита, пети корона
  • Спорт Лаго (Sport Largo) - 4 5/8" x 35 (117 x 13.89 mm) Спорт, мала панeтела
  • Петит Принцес (Petit Princess) - 4 3/8" x 35 (110 x 13.89 mm) Епикур, тре пети корона

Ограничени изданија (Edición Limitada Releases)

  • Ексибисион Бр. 2 (Exhibición No. 2) (2000) - 7 5/8" x 49 (194 x 19.45 mm) Проминенте, двојна корона
  • Робусто (Robusto (2001) - 4 7/8" x 50 (124 x 19.84 mm) Робусто, робусто или ротшилд
  • Ермосо Бр. 1 (Hermoso No. 1) (2003) - 6 1/2" x 48 (165 x 19.05 mm) Супер Ермосо, големо торо
  • Ермосо Бр. 2 (Hermoso No. 2) (2004) - 6 1/8" x 48 (157 x 19.05) Ермосо Бр. 2, двојно робусто
  • Пети Пирамид (Petit Pirámide) (2005) - 5 x 50 (127 x 19.84 mm) Пети Пирамид, пети беликосо

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди