Хабанос СА

(Пренасочено од Хабанос)

Хабанос СА (Habanos SA) е рака на кубанскиот државен тутунски монопол, Кубатабако, кој ги контролира рекламирањето, дистрибуцијата и извозот на кубански пури и други тутунски производи ширум светот. Покрај тоа, Хабанос ги поседува марките на секоја кубанска пура и вид на цигари кои се извезуваат во странство како и за франшизирање на ланецот на продавници за пури Ла Каса дел Хабано. За контрола на дистрибуцијата како и за заштита од фалсификување, Хабанос извезува за само една фирма во секоја земја (како Хантер & Франкау за Велика Британија и Гибралтар, Фифт Авењу Сигарс за Германија, Интертабак за Швајцарија, Пацифик Сигар & Ко. за најголемиот дел од Тихоокеанскиот Обрач, и др.). САД е единствената земја каде Хабанос не извезува заради трговското ембарго врз Куба од нивна страна кое трае уште од 1962.

Логото на Хабанос СА

Во 2000, франко-шпанскиот тутунски гигант Алтадис купил 50% од Хабанос. Оваа фирма има донесено повеќе промени за Хабанос како менување на линиите на призводи за порамнување со американскиот пазар, стандардизација на цените, како и зачестување на „специјалните изданија“ (Limited Edition)s.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди