Ребека
Ребека е американски филм (психолошко-драматичен трилер) од 1940 година, режиран од Алфред Хичкок, како прв негов американски проект и прв филм продуциран со договорот со Дејвид О. Селзник. Сценариото на филмот е адаптирано од Џоен Харисон и Роберт И. Шервуд, според истоимената новела на Филип Мекдоналд и Мичел Хоган од 1938 година.[1] Главните улоги ги играат: Лоренс Оливие (како аристократскиот вдовец, Максим де Винтер), Џоан Фонтејн (како неговата втора жена) и Џудит Андерсон (како куќната помошничка, госпоѓа Денверс).
„Ребека“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Алфред Хичкок |
Продуцент | Дејвид О. Селзник |
Раскажувач | Џоен Фонтејн |
Главни улоги | Лоренс Оливие Џоен Фонтејн Џудит Андерсон |
Музика | Гранц Ваксмен |
Кинематографија | Џорџ Барнс |
Монтажа | В. Дон Хејс |
Студио | „Selznick International Pictures“ |
Дистрибутер | „United Artists“ |
Премиера | април 12 1940 |
Времетраење | 130 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $1,288,000 |
Овој филм е готска приказна за бавната меморија на насловниот лик, за смртта на жената на Максим де Винтер, која продолжува да го прогонува, како и за неговата нова невеста. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 11 категории, но совоил две, меѓу кои и Оскар за најдобар филм. Оливие, Фонтејн и Андерсон биле номинирани за „Оскар“ за нивните улоги. „Ребека“ е единствениот филм кој освоил „Оскар“ за најдобар филм, но не и за глума, режија или сценарио. „Ребека“ бил првиот прикажан филм на првото издание на Берлински интернационален филмски фестивал во 1951 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ребека на „IMDb“
- ↑ „Прв берлински интернационален филмски фестивал“. berlinale.de. Архивирано од изворникот на 2010-01-30. Посетено на 2012-07-17.
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>