Pistacia lentiscus
Pistacia lentiscus (или мастика ) е дводомна зимзелена грмушка или мало дрво од родот Pistacia што вирее во медитеранскиот басен. Расте до 4 метри во висина и се одгледува поради неговата ароматична смола, главно на грчкиот остров Хиос и околу турскиот град Чешме. [1]
Опис
уредиРастението е зимзелено, од 1 до 5 метри високо, со силен мирис на смола, расте во суви и карпести области во Северна Африка и Медитеранска Европа. Отпорно е на благи до тешки мразови, но претпочита поблаги зими и расте на сите видови почви, а може добро да расте во варовнички области, па дури и во солени средини, што го прави позастапено во близина на морето. Го има и во шумите, на речиси обезшумените пасишта, во дабовите шуми од видот прнар, пошумените области во кои доминираат други дабови, во клисури, кањони и карпести ридови на целото медитеранско подрачје. Во соодветни области, кога е дозволено да расте слободно и да старее, често станува дрво до 7 метри. Сепак, сечата, пасењето и пожарите често го спречуваат ваквиот раст.
Pistacia lentiscus е поврзан со Pistacia terebinthus (смрдлика), со кој често живее во заедница во контактните зони. На западниот брег на Медитеранот, Канарските Острови и Блискиот Исток, може да се помешаат со Pistacia atlantica.
Употреба како лек
уредиЛуѓето во медитеранскиот регион користат мастика како лек за гастроинтестинални заболувања веќе неколку илјади години. Грчкиот лекар и ботаничар од првиот век Диоскорид напишал за лековитите својства на мастиката во неговата класична расправа За медицинските супстанции. Неколку векови подоцна, Маркелос Емпеирикос и Павлос Егинитис[2] исто така го забележале ефектот на мастиката врз дигестивниот систем.
Маслото од мастика има антибактериски и антигабични својства, и како такво е широко користено во подготовката на масти за кожни заболувања.
Наводи
уреди- ↑ „Sakız Ağaçlarına Sevgi Aşılıyoruz Projesi'nde yeni bir dönem başlıyor“. 2020-08-03. Архивирано од изворникот на 3 August 2020. Посетено на 2022-04-05.
- ↑ Mastic at e-xios.gr Chios Portal
Литература
уреди
- Takahashi K, Fukazawa M, Motohira H, Ochiai K, Nishikawa H, Miyata T (April 2003). „A pilot study on antiplaque effects of mastic chewing gum in the oral cavity“. J. Periodontol. 74 (4): 501–5. doi:10.1902/jop.2003.74.4.501. PMID 12747455.