Педаниј Диоскорид (старогрчки: Πεδάνιος Διοσκουρίδης, Pedianos Dioskorides; о. 40 – 90 AD) бил грчки лекар, фармацевт, ботаничар и автор на De Materia Medica (старогрчки: Περὶ ὕλης ἰατρικῆς) — 5-томна енциклопедија за хербалната медицина и сродните медицински супстанции (фармакопеја), која на широко била употребувана повеќе од 1,500 години. Диоскорид работел како лекар во римската армија.

Диоскорид
Диоскорид добива корен од мандрагора
Роден(а)ок. 40 н.е.
Аназарб, Киликија, Мала Азија
Починал(а)ок. 90 н.е.
Познат(а) поDe Materia Medica

Родот на растенија Dioscorea бил наречен во чест на Диоскорид од страна на Лине.