Pilea cadierei
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Розовидни
Семејство: Коприви
Род: Pilea
Вид: P. cadierei
Научен назив
Pilea cadierei
Гањеп. и Гиљомин

Pilea cadiereiвид на цветно растение од семејството на коприви (Urticaceae), кој потекнува од НР Кина и Виетнам. Посебниот епитет во името cadierei се однесува на ботаничарот Р. П. Кадјер од 20 век.[1]

Опис

уреди
 
Спротивно поставените лисја со три главни нерви.

Станува збор за зимзелено повеќегодишно растение кое расте до 60 центиметри во висина[2] со темнозелени овални листови. Секој лист има четири испакнати сребрени дамки (оттука и името „алуминиум растение“).[3] Растението образува ризоми. Исправените стебла се малку сочни, а понекогаш и задрвени во основата, и се голи. Стеблата, листовите, венечните ливчињата и сечилата се густо покриени со цистолити во облик на вретено.[4]

На стеблото се наоѓаат листови кои се наспрамно распоредени, кои се изградени од лисна дршка и лисна плоча. Лисната плоча на речиси сите листови е со иста димензија од 7 до 15 милиметри.

Постојат три главни нерви кои се видливи најмалку 3/4 од нивната должина и има три странични нерви на секоја страна. Рабовите на листовите се слабо назабени или изгризани. На горната страна на листот има две поделени бели бразди и тоа резултира со некои сребрено издигнати површини (оттука и англискиот назив „алуминиумско растение“ (aluminium plant) или „лубеничко растение“ (watermelon plant)).

Соцветија и плодови

уреди
 
Соцветие.

Периодот на цветање во Кина се движи од септември до ноември. Pilea cadierei е еднополово и еднодомно растение. Машките, збиени соцветија содржат од 5 до 125 цветови. Соцветието е поставено на стебло долго 1,5 до 4 см. Брактеите се широко јајцевидни со должина од околу 3 милиметри. Цветните дршки на машките цветови се долги од 2 до 3 милиметри, а цветните пупки се во облик на круша со должина од околу 2,5 милиметри. Релативно малите, бело-розови цветови се четиричлени. Машките цветови имаат должина од 2,5 до 3 милиметри и дијаметар од 1,8 до 2 милиметри. Женските цветови се сместени во цимозни соцветија. Кај женските цветови е присутен рудиментиран конусен плодник. Со должина од 0,5 до 0,7 милиметри, брактеите на женските цветови се половина долги од плодот на јатката. Кај женските цветови обично има само исправен лист и издолжени прашници. Женските цвеќиња имаат едноставна градба.[5]

Плодовите во Кина зреат помеѓу ноември и декември. Јаткастите плодови се секогаш поединечни и се во облик на јајце и сплескани во должина од околу 1,5 милиметри. Семето содржи ендосперм и прав ембрион со два овално-елипсовидни или кружни котиледони .

Одгледување

уреди

На минимална температура од 15°C, се одгледува како домашно растение во умерените региони поради неговите украсни лисја и лесното вегетативно размножување преку резници.[6] Ова растение е нетоксично за мачки, кучиња и коњи, па затоа е безбедно да се има околу домашни миленици.[7]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Harrison, Lorraine (2012). RHS Latin for gardeners. Обединето Кралство: Mitchell Beazley. стр. 224. ISBN 9781845337315.
  2. „G. Davidse, M. Sousa Sánchez, S. Knapp, F. Chiang Cabrera: Saururaceae a Zygophyllaceae. Volume 2, 3. G. Davidse, M. Sousa Sánchez, S. Knapp, F. Chiang Cabrera: Pilea cadierei by Tropicos.org“. Flora Mesoamericana. Missouri Botanical Garden, St. Louis. 2015, p. 37–38.
  3. „Pilea cadierei Gagnepain & Guillemin“. Flora of China.
  4. Gordon Cheers (ed.): Botanica. The ABC of plants. 10,000 species in text and images . Könemann Publishing Company, 2003, ISBN 3-8331-1600-5 (therein page 675).
  5. Umberto Quattrocchi: CRC World Dictionary of Medicinal and Poisonous Plants: Common Names, Scientific Names, Eponyms, Synonyms, and Etymology (5 Volume Set) . CRC Press, 2012, ISBN 1-4200-8044-X, стр. 2928
  6. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. Обединето Кралство: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 978-1405332965.
  7. „Aluminum Plant“.

Надворешни врски

уреди