Оморика

(Пренасочено од Picea omorika)
Оморика
Гранка на оморика
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Ред: Боровидни
Семејство: Борови
Род: Смрча
Вид: Оморика
Научен назив
Picea omorika
(Pančić) Purk.
Природни ареал

Оморика (научPicea omorika) или Панчиќева оморика (српски: Панчићева оморика) — вид иглолисно дрво ендемски застапено по средниот тек на реката Дрина кај Вишеград во Република Српска, БиХ и во западна Србија, со вкупен ареал од само 60 хектари, на надморска височина од 800 до 1600 м. Како вид првпат е откриена во 1875 г. кај с. Заовине на планината Тара од ботаничарот Јосиф Панчиќ, во чија чест е наречена.[2][3][4]

Опис

уреди
 
Омориката во својата автохтона околина

Ова е зимзелено дрво со средна големина кое достигнува висина од 20 м (или, во исклучителни случаи, до 40 м). Стеблото има пречник до 1 м, а леторастите му се светлокадеави и гусо влакнести. Листовите се иглести и сплескани, долги по 10–20 мм темносинозелени на лицето и синобели на опачината. Шишарките се долги по 4-7 см , вретенести по поблик, темновиолетови (речиси црни) кога се млади, но темнокафеави 5–7 месеци по опрашувањето, со цврсти лушпи.[2][3][4]

Одгледување

уреди

Вон автохтониот ареал, омориката е застапена како важно украсно дрво во паркови и големи градини и нашироко се цени поради привлечната крошна. Успева на најразлични почви: базни, глинести, исели и песокливи, иако претпочита влажна исцедена иловица. Во помала мера е застапена и во шумарството, за новогодишни елки, дрвена граѓа и добивање на хартија, особено во северна Еворпа, иако поради бавниот раст не е популарна колку ситканската (P. sitchensis) и обичната смрча (P. abies).

Во Македонија смрчата е застапена како парковско дрво и како шумски вид.[5]

Одгледувачите ја имаат вкрстено со црната смрча (P. mariana) и ситканската смрча.[2][3]

Наводи

уреди
  1. Mataruga, M., Isajev, D., Gardner, M., Christian, T. & Thomas, P. (2010). Picea omorika. IUCN Red List. Version 3.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 2013-11-10.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Farjon, A. (1990). Pinaceae. Drawings and Descriptions of the Genera. Koeltz Scientific Books ISBN 3-87429-298-3.
  3. 3,0 3,1 3,2 Rushforth, K. (1987). Conifers. Helm ISBN 0-7470-2801-X.
  4. 4,0 4,1 Rushforth, K. (1999). Trees of Britain and Europe. Collins ISBN 0-00-220013-9.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Оморика, стр. 1074“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

уреди