Peace Sells... but Who's Buying?
Peace Sells… but Who's Buying? е вториот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден е во 1986 г. Претставува демонстрација на сета брзина, моќ и бруталност на трешот. Обожавателите го рангираат во редот на безвремените класици од овој жанр.
„Peace Sells… but Who′s Buying?“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Megadeth | ||||
Издаден | 19 Септември, 1986 г. | |||
Снимен | 1985 - 1986 | |||
Жанр | Треш метал | |||
Траење | 36:08 55:28 (2004 реиздание) | |||
Издавачка куќа | Комбат, Капитол | |||
Продуцент | Дејв Мастејн и Ренди Барнс | |||
Megadeth — Хронологија | ||||
|
Бил издаден на 19 септември 1986, а првичната замисла била да излезе под продуцентската капа на Комбат Рекордс. Подоцна Капитол Рекордс ги откупил правата за негово издавање, а тие назначиле и посебен продуцент во името на Ренди Барнс кој би учествувал во подготовката на проектот.
Во 2004 г. била објавена преработената и подобрена верзија на албумот, на која биле вклучени четири ремиксувани нумери. Во 2011, по повод 25-годишниот јубилеј од издавањето на дискот, биле издадени три различни верзии на албумот.
Ова бил вториот и последен студиски албум во чија изработка учествувал покојниот тапанар Гар Семјуелсон, а исто така последен и за гитаристот Крис Поланд, иако тој имал мал придонес во снимањето на The System Has Failed од 2004.
Професионални оценки | |
---|---|
Средна оценка | |
Извор | Оценка |
Metacritic | 83/100 (Спец. издание)[1] |
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
About.com | (Спец. издание)[2] |
Allmusic | |
Kerrang! | [3] |
Pitchfork Media | (8.7/10)[4] |
PopMatters | (9/10) (Ориг. издание) (6/10) (Спец. издание)[5] |
Q | (Спец. издание)[1] |
The Rolling Stone Album Guide | [6] |
Sputnikmusic | (4.5/5)[7] |
Список на песни
уредиСите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен „I Ain't Superstitious“ од Вили Диксон.
Бр. | Наслов | Траење |
---|---|---|
1. | „Wake Up Dead“ | 3:37 |
2. | „The Conjuring“ | 5:02 |
3. | „Peace Sells“ | 4:02 |
4. | „Devil's Island“ | 5:05 |
5. | „Good Mourning/Black Friday“ | 6:39 |
6. | „Bad Omen“ | 4:03 |
7. | „I Ain't Superstitious“ | 2:45 |
8. | „My Last Words“ | 4:55 |
Вк. траење: |
36:08 |
Бонус песни од 2004 | ||
---|---|---|
Бр. | Наслов | Траење |
9. | „Wake Up Dead“ (микс на Ренди Барнс) | 3:40 |
10. | „The Conjuring“ (микс на Ренди Барнс) | 5:01 |
11. | „Peace Sells“ (микс на Ренди Барнс) | 4:00 |
12. | „Good Mourning/Black Friday“ (микс на Ренди Барнс) | 6:39 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Critic Reviews for Peace Sells... But Who's Buying (25th Anniversary Special Edition)“. Metacritic. Посетено на 2012-11-11.
- ↑ Bowar, Chad. „Megadeth - Peace Sells...But Who's Buying? Review“. About.com. Посетено на December 30, 2012.
- ↑ Johnson, Howard (October 30, 1986). „Megadeth 'Peace Sells...But Who's Buying?'“. Kerrang!. 132. London, UK: United Magazines ltd. стр. 20.
- ↑ Harvell, Jess (2011-07-20). „Album Reviews: Megadeth: Peace Sells... But Who's Buying? (25th Anniversary Edition]“. Pitchfork Media. Посетено на 2011-08-14.
- ↑ Begrand, Adrien (2011-07-29). „Megadeth: Peace Sells... But Who's Buying? (25th Anniversary Edition)“. PopMatters. Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на 2012-11-11.
- ↑ Brackett, Nathan; Christian Hoard (2004). The Rolling Stone Album Guide. New York City, New York: Simon and Schuster. стр. 534. ISBN 0-7432-0169-8.
- ↑ Stagno, Mike (2006-10-18). „Megadeth - Peace Sells... but Who's Buying? (staff review)“. Sputnikmusic. Посетено на 2012-11-10.