Patek Philippe
Patek Philippe & Co. (изг. Патек Филип) — една од најславните ексклузивни марки на часовници во светот. Моментално претпријатието го поседува семејството Штерн. Многу познавачи сметаат дека Patek Philippe се најдобрите часовници на светот. Многу богати, славни и влијателни личности носеле Patek Philippe, како кралски семејства, филмски ѕвезди, индустриски магнати и претседатели. Меѓу нив се и Јосип Броз Тито и Алберт Ајнштајн.
![]() | |
Вид | приватно |
---|---|
Дејност | часовничарство |
Основано | 1839 (Patek, Czapek & Cie.) 1851 (Patek Philippe & Cie.)[1] |
Основач | Antoine Patek ![]() |
Седиште | женева, Швајцарија |
Опслужувани подрачја | ширум светот |
Клучни личности | Клод Пени (ГИД) Тјери Штерн (претседател)[2] |
Производи | часовници |
Доход | ▲ €744,2 милиони (2012) |
Мреж. место | patek.com |
ИсторијаУреди
Антони Патек почнал со изработка на џебни часовници во 1839 г. во Женева, заедно со неговиот ортак, Францичек Чапек. Тие се раздвоиле во 1844, а во 1845 Патек му се придружил на францукиот часовничар Адријан Филип, изумителот на механизмот за навивање без клуч. Во 1851 основано е претпријатието „Patek Philippe & Co“.
Patek Philippe го изработиле нивниот прв рачен часовник во 1868. Тие исто така го имаат измислено вечниот календар, хронграфот и минутнот повторувач кај часовниците. Претпријатието порано има произведувано и кварцни часовници, но никогаш часовници со дигитални екрани.
МоделиУреди
Patek Philippe го имаат направено и најкомплициранот часовник на сите времиња, моделот Calibre 89, по повод 150-годишнината на претпријатието во 1989 г. Тој има 33 компликации, како датумот на Велигден, топломер, време на изгрејсонце, израмнување на времето, ѕвездено време, и многу други функции.[3]Calibre 89 исто така може да додава по еден ден во февруари на секоја престапна година, избегнувајќи го истото секоја стота година.
Претпријатието произведува многу колекционерски часовници високовреднувани од колекционерите ширум светот, вклучувајќи го најскапиот џебен часовник (24 функции) израбготен за американскиот банкар Хенри Грејвс во 1933 г. Во 1999 г. часовникот е даден на лицитација во куќата Sotheby's и продаден за 11 милиони американски долари, и со тоа станал најскапиот часовник на светот.[4]
ГалеријаУреди
Рачен часовник со хронограф, календар, месечеви мени
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Cf. Историски преглед на претпријатието Patek Philippe
- ↑ „Профил: Patek Philippe“ - база Hoover's (англиски)
- ↑ „Patek Philippe Calibre 89“. Архивирано од изворникот на 2012-05-02. Посетено на 2012-05-02.
- ↑ Роледер, Ана (28 ноември 2001). „Најскапиот часовник“. Forbes.com. Архивирано од изворникот на 2010-11-23. Посетено на 3 ноември 2007.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link). (англиски)
Надворешни врскиУреди
- Мрежно место на Patek Philippe (англиски)
- Форум посветен на Patek Philippe (англиски)