Извршен директор

(Пренасочено од ГИД)

Извршен директор (или главен извршен директор, крат. ГИД; англ. CEО) е највисоко рангиран вработен во една корпорација, и кој ја има целосната контрола над претпријатието, организацијата или агенцијата. Во внатрешната комуникација и во вестите, многу претпријатија ја користат титулата ГИД, за луѓе од повисоките инстанци на претпријатието, иако тие луѓе имаат некоја сосема друга улога.

Меѓународна употреба

уреди

Во некои земји од Европската Унија, постојат два посебни одбори, еден извршен одбор на директори за секојдневно водење на претпријатието и еден надзорен одбор кој е избран од сопствениците. Во овие земји, извршниот директор ја има контролата над одборот на директори, додека претседателот ја има контролата над надзорниот одбор. Со ова се разграничува управувачкиот од одборот на сопственици (надзорници). Со ова се прави заштита од некаков конфликт на интереси

Структура

уреди

Вообичаено, извршниот директор има неколку помошници околу него, и секој од нив има посебни задолженија. Најчесто тоа се: Извршен финансов директор (chief financial officer (CFO)), извршен директор за операции (chief operating officer (COO)), извршен технички директор (chief technical officer (CTO)), извршен маркетинг директор (chief marketing officer (CMO)), извршен директор за информации (chief information officer (CIO)), и директор или заменик претседател, во одделот за човечки ресурси.