На доковите на Њујорк

(Пренасочено од On the Waterfront)

На доковите (англиски: On the Waterfront) - американски филм од 1954 година, во режија на Елија Казан. Во главните улоги настапуваат: Марлон Брандо, Карл Малден, Ли Ј. Коб, Роб Стајгер, Ева Мари Сеинт итн. Во 1955 година, филмот освоил дури осум награди „Оскар“, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобра машка улога, најдобра женска споредна улога, најдобро сценарио, најдобра кинематографија, најдобра сценографија и најдобра монтажа. Исто така, филмот освоил четири награди „Златен глобус“ и една награда „БАФТА“. Во 1954 година, Казан освоил три награди на Венецијанскиот филмски фестивал, а во 1989 година, филмот бил зачуван во Националниот филмски регистар на САД.[1]

„На доковите на Њујорк“
Филмскиот плакат
РежисерЕлија Казан
ПродуцентСем Спигел
СценаристБад Шулберг
Главни улогиМарлон Брандо
Карл Малден
Ли Коб
Род Стајгер
Пет Хенинг
Ева Мари Сеинт
МузикаЛинард Бернстеин
КинематографијаБорис Кофмен
МонтажаЏин Милфорд
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиерајули 28 1954 (1954-07-28)
Времетраење108 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$910,000 (проц.)
Бруто заработка$9,600,000

Содржина

уреди

Тери Малој (го игра Брандо) е поранешен надежен боксер, кој изгубил еден наместен меч поради опкладата на мафијата. Потоа, тој работи за мафијашкиот шеф Џони Френдли (го игра Коб), кој ангажира работници за товарење и растоварување на бродовите. Тери е сведок на две убиства на непослушните работници, кои ги извршуваат луѓето на Џони Френдли. Тој е вљубен во Еди (ја игра Мари Сеинт), која му е сестра на еден од убиените работници, а тој чувствува вина за неговата смрт. Таа го запознава со свештеникот Бери (го игра Малден), кој е решен да го прекине насилството. Свештеникот го советува Тери да сведочи пред судот за убиствата, а Тери ѝ признава на Еди дека бил виновен за смртта на нејзиниот брат. Набргу, мафијашите дознаваат дека Тери се колеба и го испраќаат неговиот брат Чарли (го игра Стајгер) да го убеди Тери да ѝ остане верен на мафијата. Чарли се обидува да го поткупи Тери, нудејќи му подобро платена работа, а кога тој ја одбива понудата, му се заканува со револвер. Сепак, Чарли не може да го убие својот брат и го остава да побегне, но мафијата го убива Чарли, а потоа се обидуав да го убие и Тери. Тогаш, Тери оди да сведочи пред судот, обвинувајќи го Џони Френдли за убиствата. Поради неговото сведочење, работниците се плашат да зборуваат со Тери, но тој сепак оди да бара работа на пристаништето. Таму, тој е претепан од луѓето на Џони Френдли, но тогаш сите работници застануваат на неговата страна и му откажуваат послушност на Џони Френдли. Со крајни сили, Тери успева да стане на нозе и ги предводи работниците, кои одат да работат за друг работодавач.[2]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>