Нирвана (музичка група)

(Пренасочено од Nirvana (бенд))
Оваа статија се однесува на американската гранџ група Nirvana. За британскиот рок состав видете Nirvana (британски бенд). За други значења видете Нирвана (појаснување).

Nirvana била популарна американска гранџ група, основана во 1987 година во Абердин, Вашингтон. Со нивната рокенрол химна „Smells Like Teen Spirit“ од албумот Nevermind, тие експлодираа во мејнстримот, популаризирајќи го новиот жанр во рокенролот наречен „гранџ“ од страна на обожавателите и медиумите. Заедно со нивните врсници од Сиетл, бендовите како што се Alice in Chains, Pearl Jam, и Soundgarden, гранџот станал доминантен во музиката во периодот од почетокот на 90-тите донекаде 1997 година.

Nirvana
Членовите на Nirvana Крист Новоселиќ (лево) и Курт Кобејн на доделувањето на наградите на MTV во 1992.
Животописни податоци
ПотеклоАбердин (Вашингтон), САД
ЖанровиАлтернативен рок, гранџ
Период на активност1987–1994
ИздавачиSub Pop
DGC / Geffen
СоработнициFecal Matter
Foo Fighters
Eyes Adrift
Sweet 75
The Melvins
Scream
Мреж. местоnirvanamusic.com
Членови
Курт Кобејн
Крист Новоселиќ
Дејв Грол
Поранешни членови
Арон Буркхард
Џејсон Еверман
Дејл Кроувер
Ден Питерс
Пет Смиар
Дејв Фостер
Чед Ченинг

Курт Кобејн (англиски: Kurt Cobain) од страна на медиумите бил опишуван како гласноговорник на една генерација, а неговиот бенд како знаменосци на „Генерацијата Икс“. Кобејн ја негирал таа позиција што му била доделена, и продолжил да се фокусира на музиката на својот бенд, издавајќи го нивниот трет студиски албум In Utero. Иако мејнстрим популарноста на Нирвана беше во опаѓање, нивната најверна публика останала и понатаму верна. Краткиот излет на Нирвана заврши со смртта на Кобејн во 1994, но популарноста на бендот продолжила и по неговата смрт. Осум години по смртта на Кобејн, незавршена демо снимка која што бендот ја снимил во 1994, почнала да ги освојува топ листите во 2002 година. Од нивниот почеток, сè досега, тие имаат продадено преку 50 милиони плочи, вклучувајќи 10 милиони од Nevermind само во САД.[1][2] Присутноста на Нирвана на радио станиците останува непроменета.

Почетоци

уреди

Кобејн и Крист Новоселиќ се запознале во 1985. Нивните интереси биле заеднички, The Melvins и формирање на бенд. Имаат работено со повеќе тапанари (вклучувајќи го Арон Буркхард (англиски: Aaron Burckhard) и Дејл Кровер (англиски: Dale Crover) од The Melvins, којшто има свирено на нивните први демоа).

Во почетокот на 1990, бендот започнал да соработува со продуценотот Буч Виг (англиски: Butch Vig), со кого работеле на вториот албум. За време на сесиите, Курт и Крист сфатиле дека Чед не е оној тип на тапанар каков што им бил потребен, па така по завршувањето на сесиите тој бил пуштен од бендот. Дејл Кровер од The Melvins бил само краткотрајно решение, па така тие го ангажирале Ден Питерс (англиски: Dan Peters) од Mudhoney, со кого ја снимиле песната „Sliver“. Подоцна истата година, Баз Озборн (lang-en|Buzz Osbourne}}) од The Melvins ги запознал со Дејв Грол (англиски: Dave Grohl), којшто бил во потрага по бенодт по неговото напуштање на хардкор панк бендот Scream.

Nevermind

уреди

По препорака на членот на Sonic Youth, Ким Гордон (Kim Gordon), Дејвид Гефен (David Geffen) ги донесува Nirvana во DGC Records во 1990, со што бендот го започнува својот прв албум спонзориран од голема издавачка куќа. Резултатот бил Nevermind, којшто се смета за класика во рок-музиката.

Бендот продолжува да работи на албумот заедно со Виг. Но наместо да снимаат во студиото на Виг, Медисон, како што правеа во 1990, бендот се префрла во Sound City Studios во Лос Анџелес. Некои од песните, како што се „In Bloom“ и „Breed“, биле повеќе години присутни во репертоарот на бендот, додека другите, како што се „On a Plain“ и „Stay Away“, било потребно само да се додаде текст, за нивно доработување.

Во завршните чекори на подготовките на албумот учествувал и Енди Волас, ко-продуцент на албумот на Slayer, Seasons in the Abyss, којшто бил повикан по инсистирање на Кобејн, откако го одбил учеството на луѓето од DGC.

Месеци по издавањето на албумот, Кобејн се жалел на медиумите дека Волас го направил Nevermind многу измазнет, иако тој е крив за неговото доведување да работи на албумот, заедно со нив. Иако бендот бил разочаран од албумот, за којшто сметале дека е премногу мек, Волас успешно го истемпирал инди рокот којшто бендот го практикувал и создал мејнстрим рок албум којшто во следната деценија ќе биде репер за успешен албум.

Првенствено, воопшто не очекувале Nevermind да се продаде во повеќе од 500.000 копии. Наместо тоа, албумот станал тројно-платинест (три милиони копии) во САД за помалку од 6 месеци. Заразната песна „Smells Like Teen Spirit“ била постојано пуштана на MTV, со што се појавиле куп на имитатори на стилот на Нирвана со што го донеле гранџот во мејнстримот. За популарноста на алтернативниот рок, како и изумирањето на глам металот, се вели дека е заслужен албумот Nevermind. Во јануари 1992, албумот го достигнува првото место на Билборд 200 топ листата, со што го симнува Мајкл Џексон со неговиот албум Dangerous, момент којшто се вели дека го симболизира покорувањето на поп-музиката од страна на алтернативниот рок.

Во февруари 1992, по австралиската турнеја, Кобејн се венча со Кортни Лав на Хаваите. Во август се раѓа ќеркичката Френсис Бин. Неколку дена по раѓањето на Френсис Бин, Нирвана настапува на еден од нивните најпознати концерти како главни изведувачи на фестивалот во Ридинг. Кобејн се појавил на сцена во инвалидска количка на шега. Дејв Грол бил исплашен дека настапот ќе биде катастрофален со оглед на тоа дека немале проба веќе 6 месеци, но на изненадување на сите, Нирвана го пружила нивниот најдобар настап досега.

Дискографија

уреди

Наводи

уреди
  1. "Nirvana catalogue to be released on vinyl". CBC.ca. March 21, 2009. Retrieved March 7, 2012.
  2. "Top Selling Artists". Recording Industry Association of America. Retrieved March 7, 2012.

Надворешни врски

уреди