Паскал (единица)

единица за притисок
(Пренасочено од MPa)

Паскал (Pa) е единицата за притисок во SI.

Паскалот се изведува од дефиниционата равенка за притисок откаде што се добива дека

Значи, притисокот е еден паскал (1Pa) ако на 1m2 површина, нормално дејствува сила со модул од 1N. Во практиката се користат и декадно поголемите единици за притисок, како што се килопаскал (kPa) и мегапаскал (MPa).

Земјината атмосфера врз површината на океанската вода врши притиоск p0=101x325 Pa при температура од 0oC. Овој притисок се смета за нормален атмосферски притисок.

Ова е табела за вредностите на притисокот на различни места:

0.5 Pa Атмосферски притисок на Плутон (грубо кажано, податок од 1988)
10 Pa Зголемување на притисокот на еден mm воден столб¹
1 kPa Атмосферски притисок на Марс, ∼1 % од атмосферскиот притисок на височината на морето на Земјата
10 kPa Зголемување на притисокот на еден m воден столб¹, или
пад на воздушниот притисок кога се тргнува од нивото на морето до 1000 m надморска височина
101.325 kPa Стандарден атмосферски притисок на нивото на морето на Земјата = 1013.25 hPa
100 MPa Притисок на дното на Маријанскиот Ров, околу 10 км под површината на океанот
10 GPa Дијамантите се формираат
100 GPa Теориска сила на затегнување на карбонските нанотуби

¹на Земјината површина

Единици за притисок
паскал бар техничка атмосфера стандардна
атмосфера
Милиметар на
живиниот столб
(тор)
фунта на
квадратен инч
Pa bar at atm torr psi
1 Pa ≡ 1 N/m2 10−5 1,0197×10−5 9,8692×10−6 7,5006×10−3 145,04×10−6
1 bar 105 ≡ 106 dyn/cm2 1,0197 0,98692 750,06 14,5037744
1 at 0,980665 ×105 0,980665 ≡ 1 kp/cm2 0,96784 735,56 14,223
1 atm 1,01325 ×105 1,01325 1,0332 p0 760 14,696
1 torr 133,322 1,3332×10−3 1,3595×10−3 1,3158×10−3 = 1 mmHg 19,337×10−3
1 psi 6,895×103 68,948×10−3 70,307×10−3 68,046×10−3 51,715 ≡ 1 lbF/in2