M94 (галактичка група)

M94 (група M94 или група Ловечки Кучиња I) — расеана издолжена галактичка група на далечина од 13 милиони светлосни години[5] во соѕвездијата Ловечки Кучиња и Береникина Коса. Ова е една од многуте групи во суперјатото Девица (т.е. Месното Суперјато)[6] и една од најблиските до Месната Група.

M94
Податоци од набљудување (епоха J2000)
СоѕвездијаЛовечки Кучиња и Береникина Коса
Ректасцензија[1][2]
Деклинација[1][2]
Најсјаен членM94[2] или M106,[1]
Бр. на галаксии16-24[1][2][3]
Други назнаки
група NGC 4736,[4] група Ловечки Кучиња I,[4]
облак Ловечки Кучиња,[4]
LGG 291,[1] NOGG H 617,[2]
NOGG P1 636,[2] NOGG P2 647[2]

Иако галаксиите во ова јато делуваат како да образуваат една голема облачна структура, многу од нив имаат слаба гравитациска поврзаност, а некои немаат ни стабилни орбити околу средиштето на групата. Највеќето галаксии во групата се движат со ширењето на вселената.[5][7]

Членови

уреди

Во долуприкажаната табела се наведени галаксиите заведени како членови во Каталогот на блиски галаксии,[3] каталогот „Лионска група на галаксии“ (LGG)[1] и трите списоци на групи составени од примерокот „Блиски оптички галаксии“ на Џуричин и др.[2]

Членови на групата M94
Име Тип[8] Рек. (J2000)[8] Дек. (J2000)[8] Црвено
помест.
(км/с)[8]
Привидна
величина
[8]
IC 3687 IAB(s)m 12ч 42м &1000000000000015100000015,1с +38° 30′ &1000000000000001200000012″ 354 ± 1 13,7
IC 4182 SA(s)m 13ч 05м &1000000000000049500000049,5с +37° 36′ &1000000000000001800000018″ 321 ± 1 13,0
M94 (R)SA(r)ab 12ч 50м &1000000000000053000000053,0с +41° 07′ &1000000000000001400000014″ 308 ± 1 9,0
NGC 4144 SAB(s)cd 12ч 09м &1000000000000058600000058,6с +46° 27′ &1000000000000002600000026″ 265 ± 1 12,1
NGC 4190 Im pec 12ч 13м &1000000000000044800000044,8с +36° 38′ &1000000000000000300000003″ 228 ± 1 13,4
NGC 4214 IAB(s)m 12ч 15м &1000000000000039200000039,2с +36° 19′ &1000000000000003700000037″ 291 ± 3 10,2
NGC 4244 SA(s)cd 12ч 17м &1000000000000029600000029,6с +37° 48′ &1000000000000002600000026″ 244 10,9
NGC 4395 SA(s)m 12ч 25м &1000000000000048900000048,9с +33° 32′ &1000000000000004800000048″ 319 ± 1 10,6
NGC 4449 IBm 12ч 28м &1000000000000011900000011,9с +44° 05′ &1000000000000004000000040″ 207 ± 4 10,0
UGC 6817 Im 11ч 50м &1000000000000053000000053,0с +38° 52′ &1000000000000004900000049″ 242 ± 1 13,4
UGC 7559 IBm 12ч 27м &1000000000000005200000005,2с +37° 08′ &1000000000000003300000033″ 218 ± 5 14,2
UGC 7577 Im 12ч 27м &1000000000000040900000040,9с +43° 29′ &1000000000000004400000044″ 195 12,8
UGC 7698 Im 12ч 32м &1000000000000054400000054,4с +31° 32′ &1000000000000002800000028″ 331 ± 1 13,0
UGC 8320 IBm 13ч 14м &1000000000000027900000027,9с +45° 55′ &1000000000000000900000009″ 192 ± 1 12,7

Покрај ова, NGC 4105 и DDO 169 често (иако недоследно) се сметаат за членови на групата во гореприкажаните наводи.

Најсјајниот член на групата M94 е неизвесен бидејќи ова делумно зависи од анализата со која се определува членството. Каталогот LGG вели дека во групата припаѓа M106, што би го направил најсјаен член.[1] Меѓутоа, другите гореспоменати каталози не го признаваат тоа, и тогаш најсјана галаксија во групата би била M94.[2][3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 A. Garcia (1993). „General study of group membership. II - Determination of nearby groups“. Astronomy and Astrophysics Supplement. 100: 47–90. Bibcode:1993A&AS..100...47G.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 G. Giuricin; C. Marinoni; L. Ceriani; A. Pisani (2000). „Nearby Optical Galaxies: Selection of the Sample and Identification of Groups“. Astrophysical Journal. 543 (1): 178–194. arXiv:astro-ph/0001140. Bibcode:2000ApJ...543..178G. doi:10.1086/317070. S2CID 9618325.
  3. 3,0 3,1 3,2 R. B. Tully (1988). Nearby Galaxies Catalog. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-35299-1.
  4. 4,0 4,1 4,2 „NAME CVn I Group“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
  5. 5,0 5,1 I. D. Karachentsev (2005). „The Local Group and Other Neighboring Galaxy Groups“. Astronomical Journal. 129 (1): 178–188. arXiv:astro-ph/0410065. Bibcode:2005AJ....129..178K. doi:10.1086/426368.
  6. R. B. Tully (1982). „The Local Supercluster“. Astrophysical Journal. 257: 389–422. Bibcode:1982ApJ...257..389T. doi:10.1086/159999.
  7. I. D. Karachentsev; M. E. Sharina; A. E. Dolphin; E. K. Grebel; D. Geisler; P. Guhathakurta; P. W. Hodge; V. E. Karachentseva; A. Sarajedini; P. Seitzer (2003). „Galaxy flow in the Canes Venatici I cloud“. Astronomy and Astrophysics. 398 (2): 467–477. arXiv:astro-ph/0210414. Bibcode:2003A&A...398..467K. doi:10.1051/0004-6361:20021598. S2CID 6310283.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 „NASA/IPAC Extragalactic Database“. Results for various galaxies. Посетено на 2006-11-06.

Надворешни врски

уреди