Love Yourself: Answer
Love Yourself: Answer (стилизирано како LOVE YOURSELF 結 'Answer') ― третиот компилациски албум[5] на корејски јазик[б 1] од јужнокорејскиот бенд BTS. Издаден од страна на Big Hit Entertainment на 24 август 2018 година, достапен е во четири различни верзии: S, E, L и F. Албумот содржи дваесет и пет песни ( односно дваесет и шест за дигитална верзија), вклучувајќи и седум нови песни. Главен синг претставува песната ,,Idol". Повеќето од останатите песни песни се од албуми Love Yourself: Her и Love Yourself: Tear, вклучувајќи и некои ремикси. Албумот стана вториот албум на BTS на врвот на топ листите на пазарот во Соединетите Држави, дебитирајќи на прво место во Јужна Кореја, Канада, Јапонија и Соединетите Држави.
„Love Yourself: Answer“ | ||||
---|---|---|---|---|
компилациски албум од BTS | ||||
Издаден | 24 август 2018[1] | |||
Снимен | 2016–18[2] | |||
Жанр | ||||
Траење | 1:39:51 (физички) 1:44:11 (дигитален) | |||
Јазик | Корејски | |||
Издавачка куќа | ||||
Продуцент | Pdogg | |||
BTS — Хронологија | ||||
|
На 7 ноември 2019 година, Love Yourself: Answer станал првиот корејски албум кој поминал една година на табелите на Билборд 200.[7] На 9 ноември, тој станал првиот корејски албум кој добил златна сертификација во Соединетите Држави.[8] Продадени се 60.000 копии во Обединетото Кралство, со што BTS станал првиот азиски уметнички состав кој имал сребро-сертифициран албум во земјата.
Почнувајќи од јуни 2021 година, албумот останал на врвот 100 непоследователни недели на списокот на главни албуми на Билборд 100, правејќи го првиот и моментално единствен корејски албум кој го има направено тоа.[9]
Позадина и издавање
уредиLove Yourself: Answer бил прв пат најавен на 16 јули 2018 година, како и со најавата дека следниот ден албумот ќе содржи седум нови песни.[10] Албумот бил дизајниран како завршница на серијалот Love Yourself, која ја поврзал приказната за краткиот филм Love Yourself 起 Wonder , EP Love Yourself 承 „Her“ и студискиот албум Love Yourself 轉 „Tear“ образувајќи го „起承轉結 (기승전결) (Кишотенкецу-ската)“ раскажувачка композиција.[11]
На 6 август, Big Hit Entertainment ја објавил белешката Најубавиот момент во животот , како дел од серијалот фикционални белешки кои се однесуваат на концептот на албумите на BTS, започнувајќи со проширеното издание од 2015 година, The Most Beautiful Moment in Life, Part 1. Белешката, напишана од самиот членот на BTS, Џин, зборува за пронаоѓањето на тетратка напишана од неговиот татко. Книгата зборувала за неуспесите на неговиот татко.[12] На 9 август, три дена подоцна било објавено најавното видео за албумот, вклучувајќи ја и нова песна со наслов „Epiphany“. Солото, кое Тамар Херман од Билборд го објаснува како „основна градбена поп-рок мелодија“,[13] било изведено од Џин, зборувајќи за пронаоѓање љубов кон себеси како основниот облик на љубовта. Песната служи како една од песните за албумот.[14] Најавното видео било режирано од Јонг-сеок Чој (Лумпенс),[15] и прикажува повеќе верзии на Џин во соба, кажувајќи за едно лично патување.[13] Филип Мерил од Академијата за снимање го опишал видеото како да дава „чувство за одење назад и напред, низ времето, низ различни верзии на сопственото јас“.[16] Разговарајќи за изведбата на видеото на Џин, Хонг Хје-мин од The Korea Times изјавил дека тоа било добро одглумено и емотивно, со „ожалостен, слободен глас“ на Џин кој се истакнувал.[17]
Промотивни концептни фотографии кои претставуваат четири различни теми биле објавени на 13 август за верзиите на албумот „S“ и „E“,[18] и на 16 август за верзиите „L“ и „F“.[19] Верзијата „S“ содржела елементи вдахнати од новиот романтизам, во која BTS во светло црвени кутии опкружени со камери, очи, раце и засилувачи. Концептната верзија „Е“ содржела светли пастели, со членовите на BTS во меурчиња исполнети со фантазиски елементи на природата.[20] Вториот сет на задевачки видеа, односно верзиите „L“ и „F“, биле посветли, каде членовите на BTS носат мешавина на ретро улична облека комбинирана со „блејзер“ одела и костуми. Покрај тоа, верзијата „L“ содржела црно-бели слики, колажирани со контрастни светли фотографии.[21] Службениот список на песни бил издаден на 20 август, откривајќи дека ќе биде компилациски албум содржејќи песни од Love Yourself: Her и Love Yourself: Tear, заедно дваесет и пет песни.[22] Во списокот на песни исто така најавил ремиксирани верзии од претходните синглови на BTS, „DNA“, „Mic Drop“ и „Fake Love“.[23] На 22 август 2018 година било издадено задевното видео за „Idol“.[24] На 24 август, два часа пред издавањето на самиот албум Love Yourself: Answer, Big Hit Entertainment најавиле дека една алтернативна верзија на „Idol“ со Ники Минаж ќе биде вклучена во дигиталната верзија на албумот.[25] Отпосле, албумот бил издаден, заедно со спотот за „Idol“.[26] Музичко видео за алтернативната верзија на „Idol“ со Ники Минаж, подоцна било издадено на 6 септември 2018 година.[27]
Состав
уредиНекои од темите кој ги содржи албумот ја вклучуваат младоста, љубовта и одразот, додека приложените расположенија низ албумот се пречистувачки, живи, уверливи, страсни и копнежливи меѓу многу други работи. Жанрот на албумот содржи различни видови поп.[28]
Во интервју за Билборд, некои од продуцентите кои помогнале со албумот, се навратиле на нивните размислувачки постапки и цели на албумот. Писателката Мелани Фонтана, која работела на „Euphoria“, сакала рефренот да „избувне“ со нешто повеќе скандирачко, но публиката да може лесно да пее. Реј Мајкл Џан Помладиот изјавил дека песната „I'm Fine“ е одговор на една претходна песна што тој помогнал да биде напишана, наречена „Save Me“. Многу тапани и бас влијаеле на „I'm fine“ спојувајќи многу различни звуци за да ја создадат песната. На насловната песна „Idol“, Али Тампоси изјави дека претставникот од Big Hit сакал песната да дава интензивно чувство.[29]
Тематски, Love Yourself: Answer ги сместува заедно песните од серијалот Love Yourself со наративот за почеток, развој, пресврт и заклучок илустрирајќи ја возбудата на љубовта, болките на збогувањето и просветлувањето на љубовта кон себе си.[30]
Промоција
уредиНа 26 август 2018 година, BTS одржале прес-конференција разговарајќи за албумот, како и за BTS World Tour: Love Yourself, што започнала претходниот ден.[31] Тие ја извеле „Idol“ и „I'm Fine“ на различни јужнокорејски музички емисии низ неделата околу 26 август со претходно снимени настапи кој биле емитувани следната недела,[32] меѓу кои M Countdown, Music Bank, Show! Music Core и Inkigayo.[33] Скратена верзија на „Save Me“ од The Most Beautiful Moment in Life: Young Forever служела како воведна песна за време на изведбата на песната „I'm Fine“ за време на M Countdown.[34] BTS ја извеле „Idol“ на Наградите за најдобра корејска музика на Сорибада на 30 август, со „Fake Love" испеана како повторна изведба.[35]
Додека биле во Соединетите Држави за северноамериканска фаза на нивната турнеја Love Yourself, BTS ја извеле „Idol“ на втората полифинална епизода во тринаесеттата сезона на America's Got Talent, емитувана на 12 септември.[36][37] Бендот ја отпеал „Idol“ на The Tonight Show Starring Jimmy Fallon и Good Morning America на 25 и 26 септември редоследно,[38] како дополнение на седечкото интервју на двете емисии.[39][40] Бонус изведбата на „I'm Fine“ била исто така објавенана The Tonight Show на нивниот канал на YouTube.[41]
По појавата на вестите BTS треба да се појават во The Grahan Norton Show на БиБиСи на 12 октомври,[42] истите биле потврдени од страна на Big Hit Entertainment пет дена подоцна.[43]
Критички прием
уредиПрофесионални оценки | |
---|---|
Прегледни резултати | |
Извор | Оценка |
SCMP | [44] |
AllMusic | [28] |
Clash Music | 9/10[45] |
Billboard | favorable[4] |
Наводи
уреди- ↑ Rolli, Bryan (July 16, 2018). „BTS Announce New Album 'Love Yourself: Answer' For August Release“. Forbes. Архивирано од изворникот November 11, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Herman, Tamar (December 22, 2018). „Western Songwriters Discuss Working on BTS' 'Love Yourself: Answer' Album“. Billboard. Архивирано од изворникот May 13, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ 3,0 3,1 Glasby, Taylor (August 27, 2018). „Love Yourself: How BTS Are Re-Writing The History Books“. Clash. Архивирано од изворникот April 13, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ 4,0 4,1 Herman, Tamar (August 24, 2018). „BTS Reflect on Life & Love on Uplifting 'Love Yourself: Answer'“. Billboard. Архивирано од изворникот June 14, 2020. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Herman, Tamar (August 24, 2018). „BTS' 'Love Yourself: Answer' Is Here: Stream It Now“. Billboard. Архивирано од изворникот August 25, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ 防弾少年団、初ベスト盤が2作品同時発売 [BTS, the first best album is two works released simultaneously] (јапонски). Tower Records Japan, Inc. November 26, 2016. Архивирано од изворникот March 31, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Benjamin, Jeff (November 6, 2019). „BTS Has the Very First K-Pop Album to Spend 1 Year on the Billboard 200“. Billboard. Архивирано од изворникот November 7, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Herman, Tamar (November 21, 2018). „BTS Recognized by RIAA for First Platinum Single & First Gold Album“. Billboard. Архивирано од изворникот June 26, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ McIntyre, Hugh (June 1, 2021). „BTS's 'Love Yourself: Answer' Makes History On Billboard's Albums Chart“. Forbes. Архивирано од изворникот на June 1, 2021. Посетено на June 1, 2021.
- ↑ Park, Jin-young (July 17, 2018). „[공식입장] 방탄소년단, 8월 24일 컴백 확정..러브 유어셀프 시리즈 마무리“. Osen (корејски). Архивирано од изворникот на April 13, 2021. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Herman, Tamar (August 17, 2017). „What To Know About BTS' 'Love Yourself' Series“. Billboard. Архивирано од изворникот August 20, 2017. Посетено на 1 октомври. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ Herman, Tamar (August 6, 2018). „BTS Begins 'Love Yourself: Answer' Promotion With New 'Most Beautiful Moment in Life' Note“. Billboard. Архивирано од изворникот August 9, 2018. Посетено на 1 октомври. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 13,0 13,1 Herman, Tamar (August 9, 2018). „BTS' Jin Sings in 'Epiphany' Comeback Trailer Ahead Of 'Love Yourself: Answer' Album“. Billboard. Архивирано од изворникот April 12, 2020. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Drysdale, Jennifer (August 9, 2018). „BTS' Jin Takes Center Stage in 'Epiphany' Comeback Trailer Ahead of New Album“. Entertainment Tonight. Архивирано од изворникот на December 1, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Hay, Carla (August 9, 2018). „BTS adds history-making U.S. stadium concert to Love Yourself tour; 'Epiphany' comeback trailer released“. AXS. Архивирано од изворникот на August 10, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Merrill, Philip (August 9, 2018). „BTS Begin 'Love Yourself: Answer' With Jin's "Epiphany"“. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на March 31, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Hong, Hye-min (August 10, 2018). „"사랑하고 싶어"...방탄소년단 진, 리패키지 컴백 트레일러 'Epiphany' 주인공“. The Korea Times (корејски). Архивирано од изворникот на June 12, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Kim, Hye-soo (August 14, 2018). „BTS releases photos for 'Love Yourself: Answer'“. The Korea Herald. Архивирано од изворникот на June 20, 2021. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ „Anticipation heightens over BTS' new teaser photos“. The Korea Herald. August 17, 2018. Архивирано од изворникот на April 13, 2021. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Herman, Tamar (August 13, 2018). „BTS Shares 'Love Yourself: Answer' Teaser Images“. Billboard. Архивирано од изворникот August 23, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Close, Paris (August 20, 2018). „BTS Reveals Tracklist For 'Love Yourself: Answer'“. iHeartRadio. Архивирано од изворникот на August 20, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Herman, Tamar (August 19, 2018). „BTS Unveils Tracklist for 'Love Yourself: Answer' Album“. Billboard. Архивирано од изворникот August 20, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ „Watch IDOL teaser: BTS gives mesmerising glimpse of Love Yourself: Answer's lead single“. Mumbai Mirror. August 22, 2018. Архивирано од изворникот на August 19, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ „Nicki Minaj Will Feature on BTS' Alternate Version of New Single 'Idol'“. Billboard. Архивирано од изворникот August 24, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Drysdale, Jennifer (August 24, 2018). „BTS Drops New Album 'Love Yourself: Answer'“. Entertainment Tonight. Архивирано од изворникот на August 24, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Spanos, Brittany (September 6, 2018). „Watch BTS, Nicki Minaj's Vivid New 'Idol' Video“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот September 7, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ 28,0 28,1 Yeung, Neil Z. „Love Yourself: Answer“. allmusic.com. Архивирано од изворникот на December 20, 2020. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Herman, Tamar (December 22, 2018). „Western Songwriters Discuss Working on BTS' 'Love Yourself: Answer' Album“. Billboard. Архивирано од изворникот May 13, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Kim, Youngdae (2019). „Review 14“. BTS - The Review: A Comprehensive Look at the Music of BTS. RH Korea. ISBN 9788925565828.
- ↑ Jung, Ji-won (August 26, 2018). „역시 방탄소년단, 사흘째 차트 올킬…국내+해외 모두 점령 [Oh!쎈 이슈]“. Onsen (корејски). Архивирано од изворникот на April 13, 2021. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Kim, Na-ra (September 5, 2018). „'쇼챔피언' 방탄소년단, 출연 없이 1위…'아이돌' 3관왕 달성“ [Show Champion Bangtan without an appearance #1...win 'Idol' triple crown]. My Daily (корејски). Архивирано од изворникот на September 6, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Hwang, Hye-jin (August 22, 2018). „방탄소년단 컴백 콘서트, 더 안전하게 본다 "공항수준 보안시스템 운영"[뮤직와치]“ (корејски). Архивирано од изворникот на June 20, 2021. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ „'엠카운트다운' 방탄소년단 '아이돌'무대 최초공개 "명불허전 퍼포먼스"“ ['M Countdown' BTS 'Idol' debut for the first time]. News 1 (корејски). August 30, 2018. Архивирано од изворникот на June 20, 2021. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Jang, Ji-young (August 30, 2018). „2018 소리바다 어워즈, 대상 등 3관왕 방탄소년단(BTS) "아미 덕분, 너무 감사해“ [2018 Soribada Awards, Three Crowns including the Daesang, BTS "Thanks to Army, I'm so grateful."]. Seoul Wire (корејски). Архивирано од изворникот на August 30, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Keveney, Bill (September 5, 2018). „'AGT': Five acts make it to the Season 13 finals and boy band BTS announced as a guest“. USA Today. Архивирано од изворникот на September 6, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Hwang, Hye-jin (August 6, 2018). „방탄소년단 측 "美 '아메리카 갓 탤런트' 출연확정, 퍼포먼스 예정"(공식입장)“ [BTS "America's Got Talent" Confirmation of Appearance, Expected Performance (Public Admission)]. Newsen (корејски). Архивирано од изворникот на September 12, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Kim, Deana Gulyn (September 19, 2018). „BTS Will Perform Live In Times Square for "Good Morning America"“. MWave. Архивирано од изворникот на June 20, 2021. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Reed, Ryan (September 26, 2018). „Watch BTS Show Jimmy Fallon 'Fortnite' Dance Challenge on 'Tonight Show'“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот December 30, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Pelletiere, Nicole (September 26, 2018). „Global superstars BTS performs live on 'GMA' after history-making UN speech on self-acceptance and confidence“. ABC News. Архивирано од изворникот на September 27, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Yoo, Noah; Blais-Billie, Braudie (August 26, 2018). „Watch BTS Perform "I'm Fine" and "Idol" on "Fallon"“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на September 27, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Shim, Sun-ah (October 1, 2018). „BTS to appear on BBC's 'The Graham Norton Show'“. Yonhap News. Архивирано од изворникот October 5, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Shin, Yeon-kyung. „방탄소년단, 12일 영국 '더 그레이엄 노튼 쇼' 출연…끝없는 글로벌 행보“ [BTS appear to appear on the UK's 'The Graham Norton Show' on October 12... endless global track]. MK Sports (корејски). Архивирано од изворникот October 6, 2018. Посетено на 1 октомври 2022.
- ↑ Kim, Nemo (August 24, 2018). „BTS album Love Yourself: Answer review – Suga, J-Hope and Rap Monster solos, Korean drums, Nicki Minaj. BTS Army are gonna love this“. South China Morning Post. Архивирано од изворникот November 9, 2020. Посетено на August 24, 2018.
- ↑ Padin, Malvika. „BTS – Love Yourself: Answer“. clashmusic.com. Архивирано од изворникот July 20, 2019. Посетено на 1 октомври 2022.