Kingdom Come: Deliverance
Kingdom Come: Deliverance[1] — акциона игра со улоги од прво лице со отворен свет, развиена од чешкото студио Warhorse Studios и објавена од Deep Silver за платформите PlayStation 4, Xbox One и Microsoft Windows во 2018 г.[2] Особеноста на играта е нејзиниот нагласок на историската точност: играта подробно ја преработува облеката, оружјето, архитектурата и општествениот строеж на Средновековна Бохемија.[3]
Kingdom Come: Deliverance | |
---|---|
Изработувач(и) | Warhorse Studios |
Издавач(и) | Deep Silver Warhorse Studios |
Режисер(и) | Даниел Вавра |
Дизајнер(и) | Виктор Боцан |
Програмер(и) | Томаш Блахо |
Уметник(ци) | Микулаш Подпроцки |
Писател(и) | Даниел Вавра |
Погон | CryEngine |
Подлоги | |
Датум на издавање | PC, PS4, Xbox One 13 февруари 2018 г. Nintendo Switch Подложно појаснување |
Жанр(ови) | акциона игра со улоги |
Режим(и) | едноиграчки |
Играта се одвива во кралството Бохемија во 1403 г. на заднината на судирот помеѓу кралот Вацлав IV и неговиот брат Сигизмунд. На почетокот на играта, куманските платеници на Сигизмунд ја пустошат рударската населба Стрибрна Скалица. Главниот јунак Хенри, син на ковач, ги губи родителите во поход и стапува во служба на панот Радциг Кобила, кој го води отпорот против Сигизмунд. Во обид да им се одмазди на убијците на неговите родители, Хенри се вплеткува во заговор за враќање на вистинскиот крал, Вацлав IV, на престолот. Како игра со отворен свет, Kingdom Come: Deliverance му овозможува на играчот слободно да патува низ пристапните области на Средновековна Чешка, самостојно наоѓајќи занимливи места и задачи.
Kingdom Come: Deliverance во целост добила потврдни одзиви од критичарите, при што оценувачите ја пофалиле средновековната атмосфера на играта и исклучителното внимание на развивачите кон подробностите, но ги критикувале бројните технички проблеми на играта, кои биле особено проблематични во верзиите на играчката конзола. Играта станала предмет на особено остри одзиви во американскиот печат поради наводниот расизам на развивачите.
Наводи
уреди- ↑ Насловот на играта на англиски е упатување на текстот на Господовата молитва „Оче наш“: Thy kingdom come... and deliver us from evil („Да дојде царството твое... но избави нѐ од лукавиот“).
- ↑ „Warhorse studios: Kingdom Come: Deliverance“. Архивирано од изворникот на 2019-02-15. Посетено на 2018-02-08. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „Kingdom Come: Deliverance is an RPG that trades fantasy for historical accuracy“. The Verge. Архивирано од изворникот на 2018-02-04. Посетено на 2018-02-05. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Kingdom Come: Deliverance“ на Ризницата ? |