Guitar Boogie е компилационен блуз[3] албум на Ерик Клептон, Џеф Бек и Џими Пејџ, со дополнителни заслуги на „The Allstars“. Повеќето песни на овој албум се напишани од Ерик Клептон, Џеф Бек или Џими Пејџ.[4] Овој албум беше издаден како дел од „Британски Архиви“ (анг. British Archives). Албумот беше реиздаден во САД во 1977 од „Pickwick Records“. Само двајца од гитаристите се појавуваат на дадените песни (Клептон и Пејџ). Слично на тоа, Клептон не се појавува на песните на „The Allstars“. Двете песни на Џеф Бек се снимени во 1963 и можат да се најдат на неколку различни компилации. Овој албум е компилиран од Ричард Робинсон. Издавањето од 1971 содржи дел од рок критиките на Ричард Мелтзер.

Guitar Boogie
Компилационен албум од Ерик Клептон, Џеф Бек, Џими Пејџ
Издаден1971
ЖанрБлуз рок, Рокенрол[1]
Траење25:24
Издавачка куќаCamden Records
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2/5 ѕвездички [2]

Список на песни со изведувачите

уреди

Страна 1

уреди
  1. „Choker“ (1:21) - Ерик Клептон со Џими Пејџ
  2. „Snake Drive“ (2:30) - Ерик Клептон
  3. „Draggin' My Tail“ (3:56) - Ерик Клептон со Џими Пејџ
  4. „Steelin'“ (2:33) - „The Allstars“ вклулувајќи го и Џеф Бек
  5. „Freight Loader“ (2:43) - Ерик Клептон со Џими Пејџ

Страна 2

уреди
  1. „West Coast Idea“ (2:15) - Ерик Клептон
  2. „L.A. Breakdown“ (2:02) - „The Allstars“ вклулувајќи го и Џими Пејџ
  3. „Down in the Boots“ (3:22) - „The Allstars“ вклулувајќи го и Џими Пејџ
  4. „Chuckles“ (2:20) - „The Allstars“ вклулувајќи го и Џеф Бек
  5. „Tribute to Elmore“ (2:05) - Ерик Клептон

Наводи

уреди
  1. Преглед на „Guitar Boogie“. Allmusic. Проверено на 19 февруари 2010.
  2. http://www.allmusic.com/album/r4021
  3. Guitar Boogie: Overview. Проверено на 19 февруари 2010.
  4. Eric Clapton, Jeff Beck, Jimmy Page - Guitar Boogie. Проверено на 19 февруари 2010.