„Gutljaj vina“ (македонски: Голтка вино) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1998 година, а се нашла на тринаесеттиот студиски албум на бендот, односно на вториот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главна пејачка, насловен Da si ti ja (Да си ти јас). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжанот бил завршен од страна на Реми Казиноти. Со цел да се промовира песната, снимено е музичко видео во кое Розга, во весело издание ја пее песната придружена од бендот. Понатаму, песната била промовирана преку неколку настапи во живо при претставувања на бендот на концерти низ пост-југословенскиот регион. Откако ја започнала својата соло кариера, песната исто така била дел од сет листите за време на концертите и другите перформанси на Јелена Розга.
На 8 декември 2020 година, Розга се појавила на деветтиот собир на настанот насловен „HEP Opskrba“ каде што имала интервју и извела акустични преработки на пет песни, меѓу кои и таа на „Gutljaj vina“.[1]