Friday (песна на Ребека Блек)
„Friday“ е песна од американската пејачка Ребека Блек, напишана и продуцирана од Кларенс Џеј и Патрис Вилсон. Беше објавен како сингл на 10 февруари 2011, а потоа, премиерно се претстави на iTunes на 14 март 2011 преку ARK Music Factory како прв сингл на Блек.[2] Музичкото видео за песната станало вирално видео поради критиките кон песната, користењето на Авто-Тон, вокалите на Блек и содржината на видеото. Од 16 јуни, 2011, видеото кое сега е поместено од Јутуб, имало 167 милиони прегледи и преку 3.1 милиони „дислајкови“ (87% од целосните рејтинзи) од корисниците на Јутуб. Коментарите за видеото кои биле претежно негативни биле спречени од мај, 2011.
„Friday“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Ребека Блек | |||||
Издаден | 10 февруари, 2011 14 март, 2011[1] | ||||
Текстописец | Кларенс Џеј и Патрис Вилсон | ||||
Формат | Дигитално спуштање | ||||
Жанр | Тин поп, денс-поп | ||||
Должина | 3:47 | ||||
Издавачка куќа | ARK Music Factory | ||||
Продуцент | ARK Music Factory | ||||
Хронологија на синглови на Ребека Блек | |||||
|
Откако популарноста на песната и видеото пораснале, излегле многу пародии и ремиксови.[3][4] Форбс изјавил дека песната е уште еден знак кој ја покажува моќноста на социјалните медими – најмногу Твитер, Фејсбук и Тумблр, кои имаат моќ да направат „сензации преку ноќ.“[5][6]
Заднина
уредиВикивестите имаат новост на оваа тематика: 'Worst song of all time' becomes YouTube sensation |
Кон крајот на 2010, клиент на издавачката куќа од Лос Анџелес, ARK Music Factory им кажал за девојка по име Ребека Блек која е од Анахејм Хилс, Калифорнија.[7][8] Мајката на Блек, Џорџина Кели им платила на ARK Music 4,000 долари за песната и за видеото и можност за избор за две претходно напишани песни. Според Кели, парите покриле една половина или помалку од продукциските цени на музичкото видео и фамилијата на Блек не платила за да ги добие сите права над песната.[7][9] Блек ја одбрала „Friday“, бидејќи „другата песна беше за љубов - го немам искусено тоа сè уште. Почувствував дека мојата приватност се наоѓа во таа песна.“[10] Ark Music многу ја користеле програмата за подобрување на звук Авто-Тон.[11] Иако Кели малку се двоумела за квалитетот на текстот, Блек ја уверила дека „ја испеав како што ја напишаа тие, мамо.“[8] Ко-текстописецот на „Friday“, Патрис Вилсон објаснил, „Го напишав текстот во четврток навечер. Пишував различни песни цела вечер и на крај сфатив, 'Се задржав и веќе е петок.' И реков Уау, петок е!“[12][13]
Табели
уредиТабела (2011) | Највисока позиција |
---|---|
Австралија ARIA Дигитални Песни[14] | 40 |
БР Билборд Хот 100[15] | 66 |
БР Билборд Поп Песни[16] | 79 |
Канада (Canadian Hot 100)[17] | 61 |
Ирска (IRMA)[18] | 46 |
Нов Зеланд (RIANZ)[19] | 33 |
Британија (The Official Charts Company)[20] | 60 |
Британски Инди Песни (The Official Charts Company)[21] | 6 |
САД Билборд Хот 100[22] | 58 |
Наводи
уреди- ↑ „Friday - Single by Rebecca Black“. iTunes Store. Посетено на 2011-03-15.
- ↑ Williams, Mary Elizabeth (2011-03-14). „What's behind the "worst music video ever"?“. Salon.com. Посетено на 2011-03-14.
- ↑ Gallo, Lee-Maree (2011-03-15). „Who is Rebecca Black? And is she really bigger than Japan?“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 2011-03-15.
- ↑ Parry, Chris. Rebecca Black's Black Friday: Vanity music project makes teen a YouTube laughing stock Архивирано на 27 април 2011 г.. Vancouver Sun. 2011-03-15. Retrieved 2011-03-15.
- ↑ Pasetsky, Mark. Rebecca Black: Why is She Trending on Twitter?. Forbes. 2011-03-14. Retrieved 2011-03-14.
- ↑ Perpetua, Matthew. Why Rebecca Black's Much-Mocked Viral Hit 'Friday' Is Actually Good Архивирано на 4 февруари 2012 г.. Rolling Stone. 2011-03-15. Retrieved 2011-03-15.
- ↑ 7,0 7,1 Larsen, Peter (2011-03-17). „O.C.'s Rebecca Black talks about 'Friday'“. Orange County Register. Посетено на 2011-03-21.
- ↑ 8,0 8,1 Lee, Chris (2011-03-17). „Rebecca Black: 'I'm Being Cyberbullied'“. The Daily Beast. Посетено на 2011-03-18.
- ↑ Larsen, Peter (2011-03-29). „Rebecca Black's mom sets the record straight on Leno lip-sync rumors“. Orange County Register. Посетено на 2011-03-31.
- ↑ Levison, Sam (2011-03-18). „Finally "Friday"“. Blog Daily Herald. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2011-04-06.
- ↑ Sloame, Joanne. Rebecca Black 'Friday' YouTube viral video pales in comparison to Justin Bieber hits Архивирано на 18 март 2011 г.. New York Daily News. 2011-03-15. Retrieved 2011-03-15.
- ↑ Chen, Adrian (2011-03-30). „Meet the Man responsible for Rebecca Black“. Gawker. Gawker Media. Посетено на 2011-03-31.
- ↑ Barshad, Amor (2011-03-30). „'Friday' mastermind Patrice Wilson explains the lyrics“. New York. New York Media Holdings. Посетено на 2011-03-31.
- ↑ „The ARIA Report: Week Commencing 28 March 2011“ (PDF). Pandora Archive. Посетено на 2011-07-18.
- ↑ "Brasil Hot 100 Airplay". Billboard Brasil (Brasil: bpp) (2): 96. March, 2011. ISSN 977-217605400-2
- ↑ "Brasil Hot Pop & Popular Songs". Billboard Brasil (Brasil: bpp) (2): 97. March, 2011. ISSN 977-217605400-2
- ↑ „Nielsen Canadian Charts Update“ (PDF). Billboard. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-11-25. Посетено на 2011-03-24.
- ↑ "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK. Retrieved 2011-04-01.
- ↑ "Charts.org.nz – Rebecca Black – Friday". Top 40 Singles. Hung Medien. Retrieved 2011-03-22.
- ↑ „Official UK Singles Top 100 – 9th April 2011“. The Official Charts Company. Посетено на 2011-04-03.
- ↑ „UK Top 30 Indie Singles Chart“. BBC. 2011-03-27. Посетено на 2011-04-03.
- ↑ Grein, Paul (2011-03-30). „Week Ending March 27, 2011: Songs: Katy Moves Up“. Chart Watch. Yahoo! Music. Посетено на 2011-03-30.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница
- Преработки на Friday Архивирано на 13 јануари 2012 г.