Ентерококи

(Пренасочено од Enterococcus)
Ентерококи
Enterococcus sp. инфекција во белодробно ткиво
Научна класификација
Домен: Bacteria
Оддел: Firmicutes
Класа: Bacilli
Ред: Lactobacillales
Семејство: Enterococcaceae
Род: Enterococcus
(ex Thiercelin & Jouhaud 1903)
Schleifer & Kilpper-Bälz 1984
Видови[3]

Ентерококи (Enterococcus) е голем род на млечно-киселински бактерии кој припаѓа на коленото Firmicutes. Тие се Грам-позитивни коки кои често се јавуваат во парови (диплококи) или во облик на кратки ланци, па затоа морфолошки многу наликуваат на стрептококите.[4] Два вида се чести коменсали во цревната микрофлора на луѓето: E. faecalis (90–95%) и E. faecium (5–10%).

Физиологија и класификација

уреди

Ентерококите се факултативно анаеробни бактерии, односно, тие се способни за клеточна респирација во средина со или без кислород.[5] Иако не се способни за формирање ендоспори, тие се толерантни на разни екстремни услови: широк температурен опсег (10-45 °C), широк опсег на pH вредности (4.5–10.0), и високо ниво на салинитет.[6]

Ентерококите обично покажуваат алфа-хемолиза на крвен агар.[7]

Историја

уреди

Членовите на родот Enterococcus (од грчки έντερο, éntero, "црево" и κοκκος, coccos, "зрнце") долго време беа класифицирани како група D стрептококи; сè до 1984 година, кога геномските ДНК анализи не укажаа на фактот дека станува збор за посебен род.[8]

Еволуција

уреди

Овој бактериски род се претпоставува дека еволуирал пред околу 425-500 милиони години.[9]

Патологија

уреди

Клинички инфекции предизвикани од Enterococcus вклучуваат: инфекции на мочните патишта, бактериемија, бактериски ендокардит, дивертикулит, и менингит. Видовите кои се осетливи на антибиотици се третираат со: ампицилин, пеницилин и ванкомицин.[10] Мочните инфекции можат да бидат третирани со нитрофурантоин, дури и во случаи на ванкомицин-резистенција.[11]

Од медицинска гледна точка, важна одлика на овој род е високото ниво на интринзична антибиотска резистенција. Некои видови ентерококи се отпорни на β-лактамски антибиотици (пеницилини, цефалоспорини, карбапенеми), како и многу аминогликозиди. Во последните две децении, се развиле особено вирулентни соеви на Enterococcus, отпорни на ванкомицин (ванкомицин-отпорни ентерококи или VRE) посебно при нозокомијални инфекции на хоспитализирани пациенти. VRE може да се третираат со quinupristin/dalfopristin (Synercid) со стапка на излекување околу 70%.[12]

Ентерококниот менингит е ретка компликација при неврохируршки интервенции, при што третманот е со интравенозна или интратекална апликација на ванкомицин, со сè уште дискутабилен исход на овој тип на терапија.[13]

Новите епидемиолошки докази покажаа дека ентерококите се главен инфективен агенс кај хроничниот бактериски простатит. Ентерококите во простатата формираат биофилмови, поради што нивното искоренување е тешко.

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 1,23 1,24 1,25 1,26 1,27 1,28 1,29 1,30 1,31 1,32 1,33 1,34 1,35 1,36 1,37 1,38 1,39 1,40 1,41 1,42 1,43 1,44 1,45 1,46 1,47 1,48 1,49 1,50 Parte, A.C. „Enterococcus“. www.bacterio.net.
  2. LPSN bacterio.net
  3. LPSN entry for Enterococcus
  4. Gilmore MS; и др., уред. (2002). The Enterococci: Pathogenesis, Molecular Biology, and Antibiotic Resistance. Washington, D.C.: ASM Press. ISBN 978-1-55581-234-8.
  5. Fischetti VA, Novick RP, Ferretti JJ, Portnoy DA, Rood JI, уред. (2000). Gram-Positive Pathogens. ASM Press. ISBN 1-55581-166-3.
  6. „The ecology, epidemiology and virulence of Enterococcus“. Microbiology. 155 (Pt 6): 1749–57. June 2009. doi:10.1099/mic.0.026385-0. PMID 19383684.
  7. Ryan KJ, Ray CG, уред. (2004). Sherris Medical Microbiology (4. изд.). McGraw Hill. стр. 294–5. ISBN 0-8385-8529-9.
  8. „Transfer of Streptococcus faecalis and Streptococcus faecium to the genus Enterococcus nom. rev. as Enterococcus faecalis comb. nov. and Enterococcus faecium comb. nov“. Int. J. Sys. Bacteriol. 34: 31–34. 1984. doi:10.1099/00207713-34-1-31.
  9. Lebreton F, Manson AL, Saavedra JT, Straub TJ, Earl AM, Gilmore MS (2017) Tracing the Enterococci from Paleozoic origins to the hospital. Cell 169(5):849-861.e13. doi: 10.1016/j.cell.2017.04.027
  10. Pelletier LL Jr. (1996). „Microbiology of the Circulatory System“. Во Baron S; и др. (уред.). Baron's Medical Microbiology (4. изд.). Univ of Texas Medical Branch. ISBN 0-9631172-1-1.
  11. „Nitrofurantoin is active against vancomycin-resistant enterococci“. Antimicrob. Agents Chemother. 45 (1): 324–6. January 2001. doi:10.1128/AAC.45.1.324-326.2001. PMC 90284. PMID 11120989.
  12. „In vitro activity of linezolid & quinupristin/dalfopristin against Gram-positive cocci“. Indian J Med Res. 120 (6): 546–52. 2004. PMID 15654141.
  13. Guardado R; Asensi V; Torres JM; и др. (2006). „Post-surgical enterococcal meningitis: clinical and epidemiological study of 20 cases“. Scand. J. Infect. Dis. 38 (8): 584–8. doi:10.1080/00365540600606416. PMID 16857599.