Divide et impera

политичка изрека

Divide et impera (македонски: Раздели и владеј)[1] — една од најпознатите латински изреки што му се припишуваат на Јулиј Цезар.[2] Од негово време, тоа е една од врвните максими на политиката и социологијата, во науката за владеење. Претставува комбинација од политички, воени и економски стратегии кои овозможуваат издигнување и одржување на моќта, со разединување на нивните противници, така што тие не можат да се спротивстават на самите себе.

Јулиј Цезар е автор на овој метод

Историја

уреди

Користејќи го методот „Раздели и владеј“, римскиот конзул и генерал Ауло Габиниј успеал да ја смири Јудеја со тоа што ги поделил Евреите на пет фракции, како што е опишано од Јосиф Флавиј во книгата Еврејска војна (De bello Judaico) (книга I, 169-170).)[3] Благодарение на Страбон и неговата Гаографија[4] знаеме дека Римјаните го користеле истиот метод за да ја разединат Ахајскиот сојуз по Третата македонска војна, со меѓусебна расправија со поранешните сојузници, што на крајот довело до распаѓање на сојузот во 146 г. пр. н. е.

Во новото време, Николо Макијавели советувал сличен метод во 6. поглавје од неговата книга Уметноста на војната (Dell'arte della guerra) [5] според него, добриот војсководец треба на секој начин да се обиде да ги разедини силите на неговите непријатели, било за неговиот противник да стане сомничав кон неговите луѓе на кои претходно им верувал или така што го принудува на кој било начин да ги раздвои силите и со тоа да го ослабне.

Употребата на стратегијата раздели и владеј им се припишува на многу европски владетели уште од францускиот Луј XI доХабсбурговците.

Во својот есеј Вечен мир: Филозофска скица, Имануел Кант ја ставил максимата Раздели и владеј како трета максима за добар владетел, првите две се Fac et excusa (Дејствувај, извини се подоцна) и Si fecisti, nega (Кога ќе завршиш, забрани).[6]

Особини

уреди

Елементите на методот Раздели и владеј се состојат од;

  • Создавање или поттикнување на поделба меѓу соперниците за да се спречат да се обединат и да му се закануваат на владетелот
  • Помагање и поттикнување на сите оние кои се подготвени да соработуваат со владетелот
  • Поттикнување на недоверба и непријателство меѓу месните водачи
  • Поттикнување на бесмислени трошоци кај соперниците, со цел да се намали нивната одбранбена и политичка способност.

Методот „Раздели и владеј“ го користат и компаниите во пазарна конкуренција, за да ја истиснат конкуренцијата и да преовладеат на одреден пазар.

Најпознати примери на политиката Раздели и владеј

уреди

Африка

уреди

Методот „Раздели па владеј“ го користеле сите европски колонијални сили при колонизацијата на Африка во втората половина на 19 век, кога доминирале со речиси целиот африкански континент, со релативно мали сили. Истата политика се применува и во постколонијалниот период, па многу африкански земји војувале меѓу себе или се во состојба на трајно непријателство, што им овозможува на нивните вистински господари полесно да ги контролираат.[7]

Индиски Потконтинент

уреди

Со успешно спроведување на политиката „Раздели па владеј“, Британците успеале да доминираат на целиот Индиски Потконтинент и да владеат со него долго време користејќи мали сили, постојано поттикнувајќи судири меѓу месните раџи.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „divide et impera“ (англиски). Merriam-Webster. Посетено на 15. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Latin quotes by Julius Caesar“ (англиски). Valentin Anders. Архивирано од изворникот на 23. veljače 2017. Посетено на 15. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. Flavius Josephus, The Wars of the Jews (Book I, section 159)“ (англиски). Perseus.tufts.edu. Посетено на 15. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Strabo, Geography, Book 8, chapter 7, section 1“ (англиски). Perseus.tufts.edu. Посетено на 15. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „The Art of War, by Niccolo Machiavelli (Sixth Book)“ (англиски). eBooks Adelaide.edu. Архивирано од изворникот на 9. travnja 2012. Посетено на 15. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. „Immanuel Kant: Perpetual Peace: Appendix I“ (англиски). Constitution.org. Архивирано од изворникот на 2. svibnja 2009. Посетено на 16. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  7. „Unit Two: Studying Africa through the Social Studies“ (англиски). African Studies Center. Архивирано од изворникот на 7. siječnja 2012. Посетено на 15. svibnja 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  8. „The Partition of India“ (англиски). African Studies Center. Архивирано од изворникот на 2011-09-02. Посетено на 15. svibnja 2012.. Text "author: Shirin Keen" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди