Десет Божји заповеди

(Пренасочено од Deset bozji zapovedi)
Дел од темата
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голем раскол
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар завет
Нов завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асирска црква на Истокот

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанство
Христоделфијани
Единствен пентекостализам

Десетте Божји заповеди, или Декалогот, се религиски и морални закони кои, според Библијата, се напишани од Бог и му се дадени на Мојсеј на планината Синај во вид на две камени табли. Играат голема улога во јудаизмот и христијанството. Фразата „Десет заповеди“ во основа се однесува на сличниот текст од библиската книга Исход [1] и од Второзаконие [2].

Илустрација од 1896 година што го прикажува Мојсеј како ги прима заповедите

Текст на заповедите

уреди

Во книгата Исход

уреди
 
Овој пергамент од 1768 година (612x502 mm) на Јекутил Софер е имитација на Декалогот од 1675 година [3].

Преводот од хебрејски на македонски, пренесен од втората книга во Библијата - Исход гласи вака:

Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови: „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството!

1. Јас сум Господ твој, да немаш други богови освен Мене;

2. Не прави идол, ниту каква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата и под земјата; да не им се поклонуваш, ниту да им служиш;

3. Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог;

4. Памти го денот на одмор, за да го празнуваш; шест дена работи и сврши ги во нив сите работи, а седмиот ден е одмор на Господа , твојот Бог;

5. Почитувај ги татка си и мајка си, за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата;

6. Не убивај;

7. Не врши прељуба;

8. Не кради;

9. Не сведочи лажно против твојот ближен;

10. Не пожелувај ништо што е туѓо.

И двете главни божји заповеди:

1. Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце,

со сета своја душа, со сета своја сила, со сите свои помисли (Лука 10, 27).

2. Возљуби го својот ближен како себеси (Матеј 22, 39).

Во книгата Второзаконие

уреди
 
Десетте Божји заповеди на хебрејски на папирус од втор век.

Извадокот во кој се опишуваат Божјите заповеди сместен во петтото поглавје на Петтата Мојсеева Книга Второзаконие:

6 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.

7 Да немаш други богови покрај Мене!

8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.

9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата,

10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.

12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог.

13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи.

14 А седмиот ден е ден на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така што може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.

15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.

16 Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.

17 Не убивај!

18 Не прељубодејствувај!

19 Не кради!

20 Не сведочи лажно против својот ближен!

21 Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”

Разлики

уреди

Во извадокот од Исход се забележуваат повеќе од десет заповеди, можеби 14 или 15. Како и да е, Библијата ги ограничува на бројот "10", според хебрејската фраза ʻaseret had'varim— која може да се преведе како десетте зборови, искази или нешта.[4] Различни религии различно ги делат заповедите. Табелата ги прикажува основните разлики.

Заповед Еврејска Православна Римокатоличка, Лутеранска Англиска, Реформирана и други форми на Протестантска
Јас сум Господ, твојот Бог! 1 1 1 -
Да немаш други богови покрај Мене! 2 1
Не почитувај никакви идоли! 2 2
Не употребувај го напразно името Господово! 3 3 2 3
Не врши никаква работа во сабота! 4 4 3 4
Почитувај ги својот татко и мајка! 5 5 4 5
Не убивај! 6 6 5 6
Не врши прељуба! 7 7 6 7
Не кради! 8 8 7 8
Не сведочи лажно! 9 9 8 9
Не лакоми за куќата на својот ближен! 10 10 9 10
Не посакувај ја жената на својот ближен! 10

Наводи

уреди
  1. „20:2-17“. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2007-09-15.
  2. „5:6-21“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-09-15.
  3. Библиотека Розенталија, Амстердам.
  4. Книга Исход Архивирано на 28 септември 2007 г. 34:28

Надворешни врски

уреди