Call of Duty: World at War
Call of Duty: World at War (исто така нарекувана Call of Duty 5 или World at War, и скратено CoD: WaW или WaW) е пукачка видеоигра од прво лице изработена од Treyarch, издадена од Activision за компјутер, PlayStation 3, Wii и Xbox 360. Ова е петтата игра од серијалот Call of Duty и ја враќа приказната на Втората светска војна, откако претходната игра, Call of Duty 4: Modern Warfare, имаше модерна приказна. Играта е издадена на 11 ноември 2008 во Северна Америка, а во Европа на 14 ноември 2008. Основана е на подобрена верзија на погонот од Call of Duty 4 изработен од Infinity Ward, со подобрени звучни и визуелни ефекти.
Call of Duty: World at War | |
---|---|
Северноамерикански омот | |
Изработувач(и) | Treyarch Certain Affinity (некои мапи за групно играње и дополнителна работа) |
Издавач(и) | Activision |
Дизајнер(и) | Маргарет Танг |
Уметник(ци) | Брајан Андерсон[1] |
Писател(и) | Патрик Дуди Крег Хјустон Крис Валензијано |
Композитор(и) | Шон Мареј |
Серијал | Call of Duty |
Погон | IW погон[2] |
Последна верзија | 1.7 (PS3, X360, Win)[3] |
Подлоги | Microsoft Windows, PlayStation 3, Wii, Mobile, Xbox 360[4][5][6] |
Датум на издавање | СА 11 ноември 2008[7] ЕВР 14 ноември 2008[8] АВС 12 ноември 2008[9] |
Жанр(ови) | Пукач од прво лице |
Режим(и) | Самостоен, групен, здружен |
Медиум | Блу-реј диск, ДВД, Нинтендо диск, Преземање од интернет |
Побарувања | Види Конфигурација |
Начин на контролирање |
Гејмпед, тастатура и глушец, Wii далечинско |
Гејмплеј
уредиПреглед
уредиГејмплејот на World at War содржи неколку одлики од претходните игри од серијалот. Играчот се бори заедно со компјутерски контролирани сотимци. Во текот на мисиите тие можат да го штитат играчот, да убиваат непријатели и да ги чистат собите за влез. Враќањето во Втората светска војна, ре-прикажува оружја и технологии кои се видени во претходните изданија на Call of Duty, вклучувајќи ги автоматот Thompson, пушките M1 Garand и Mosin-Nagant, како и против-тенковскиот ракетен фрлач Панзершрек. Играчот може да ги користи овие оружја во текот на играта, но со себе најмногу може да носи две оружја, заедно со четири гранати. Играчот може да ги земе оружјата и муницијата од мртвите непријатели или сотимци, и да ги замени со други оружја од својот арсенал. Исто така, има и додатоци за оружјата, како фрлач на гранати, телескопски нишан и бајонет.[10]
Играчот може да ги заземе овие три позиции: стоечка, клечечка и лежечка; секоја од нив, различно влијае на брзината на движење, прецизноста и прикриеноста. Кога играчот е погоден, аглите на екранот зрачат црвено и срцевиот притисок се зголемува. Здравјето се регенерира со текот на времето. Кога играчот е во смртоносниот полупречник на гранатата, на екранот се покажува нејзината дирекција, помагајќи на играчот да одлучи дали ќе избега или пак, ќе ја врати назад кон непријателот.[10]
Конфигурација
уредиНаводи
уреди- ↑ „Call of Duty: World at War“. GameFAQs. Посетено на 2008-01-12.
- ↑ Робинсон, Енди (2008-06-09). „News: Call of Duty: World at War - first details in OXM“. Computer and Video Games. Посетено на 2008-06-09.
- ↑ „Call of Duty: World at War PC Updates“. CallOfDuty.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-28. Посетено на 2010-01-30.
- ↑ Торсен, Тор (4 септември 2008). „World at War raging 11 ноември, beta incoming“. GameSpot. Архивирано од изворникот на 2008-12-07. Посетено на 2008-09-29.
- ↑ „CoD5 has co-op, vehicles in multiplayer, CoD4 engine, every format apart from PSP“. VideoGaming247. 2008-06-09. Посетено на 2008-09-29.
- ↑ „Windows Mobile Games Experience“. Microsoft. Посетено на 2009-02-07.
- ↑ Окампо, Џејсон (19 август 2008). „GC 2008: Call of Duty: World at War Co-op Hands-on“. IGN. Посетено на 2008-09-29.
- ↑ Пирсон, Ден (5 септември 2008). „Call of Duty 5 gets Euro date, beta“. EuroGamer. Посетено на 2008-09-29.
- ↑ Пердикис, Стив (29 октомври 2008). „Call of Duty: World at War - beta client, reporting for duty“. Games On Net (Internode). Архивирано од изворникот на 2008-11-02. Посетено на 2008-10-29.
- ↑ 10,0 10,1 Denick, Thom (2008-11-16). Call of Duty: World at War Signature Series Guide. Brady Games. ISBN 074401056 Проверете ја вредноста
|isbn=
: length (help).
Надворешни врски
уредиОваа статија поврзана со видеоигри е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |