Wii
Wii (најчесто нарекувана по начинот на којшто се изговара на англиски јазик ВИ) е петтата конзола за видеоигри на Nintendo. Конзолата е потомец на нејзиниот предок Nintendo GameCube. Nintendo тврди дека конзолата е поинаква од конзолите PlayStation 3 на Sony и Xbox 360 на Microsoft иако им конкурира и на двете во натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.[6] Конзолата беше развивана во соработка со IBM и ATI.
Wii со далечинско | |
Изработувач | Nintendo |
Производител | Foxconn |
Вид | Играчка конзола |
Генерација | Седма генерација |
Излегол | СА 19 ноември 2006 ЈАП 2 декември 2006 АВС 7 декември 2006 ЕВР 8 декември 2006 |
Продажна достапност | 19 ноември 2006 |
Повлечен | ЈАП 2013 ЕВР 2013 |
Испорачани | Ширум светот: 86,01 милиони (30 март 2010) |
Медиуми | оптички диск Wii (12 см) Nintendo GameCube Game Disc (8 см) |
ЦПЕ | IBM на основа на PowerPC[1] „Broadway“ |
Складирање | внатрешна флеш 512 МБ SD-картичка, SDHC-картичка картичка за Nintendo GameCube |
Графика | ATI „Hollywood“ |
Управувачи | Wii Remote (Plus), Wii Balance Board, Nintendo GameCube, Nintendo DS[2] |
Поврзување | Wi-Fi Bluetooth 2 × USB 2.0[3] LAN-адаптер (преку USB) |
Семрежни услуги | Nintendo Wi-Fi Connection, WiiConnect24, Wii Shop Channel |
Најпродавана игра | Wii Sports (вградена, освен во Јапонија и Јужна Кореја) 67,71 милиони (30 септември 2010)[4] Wii Play, 26,71 милиони (31 декември 2009)[5] |
Обратна соодветност | Nintendo GameCube |
Претходник | Nintendo GameCube |
Наследник | Wii U |
Неизбежна предност на оваа конзола што ја разликува од нејзините предци е нејзиниот нов безжичен контролер Wii Remote, што може да се користи како рачен покажувач и може да детектира брзина и ориентација во три димензии. Друга голема новина е нејзината WiiConnect24 Интернет платформа, што овозможува примање пораки и софтверски надоградувања додека конзолата е во standby mode.[7]
Nintendo првпат ја информираше јавноста за оваа нова конзола на Electronic Entertainment Expo (Е3) прес конференцијата во 2004 година, а за првпат и ја претстави конзолата на јавноста во 2005 година исто така на Е3. Сатору Ивата, претседателот на Nintendo и го претстави на јавноста безжичниот контролер во септември 2005 година на Токискиот саем на игри.[8] На Е3 2006 конзолата ја освои првата од неколку награди. До декември 2006 Wii беше лансиран во продажба на четири клучни пазари во светски рамки.[9]
Financial Times објави дека од 12 септември 2006, Wii е водач во генерацијата конзоли на Nintendo според јапонскиот магазин Enterbrain, глобалната пазарна истражувачка компанија од Вашингтон NPD Group и најголемиот пазарен истражувачки институт од Германија GfK.[10]
Извори
уреди- ↑ „Wii: The Total Story“. IGN. Архивирано од изворникот на 2006-12-18. Посетено на 20 ноември 2006.
- ↑ Gantayat, Anoop (7 јуни 2006). „Connectivity Returns“. IGN. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 7 јуни 2006.
- ↑ McDonough, Amy. „Wii Get It Now: Technical Specs from 1UP.com“. 1up.com. Архивирано од изворникот на 2016-05-22. Посетено на 2 мај 2008.
- ↑ „Consolidated Financial Highlights“ (PDF). Nintendo. октомври 28, 2010. стр. 6. Посетено на октомври 29, 2010.
- ↑ „Financial Results Briefing for the Six-Month Period ended December 2009“ (PDF). Nintendo. 31 октомври 2009. стр. 11. Посетено на 29 јануари 2010.
- ↑ USA Today
- ↑ „Nintendo Corporation“. Архивирано од изворникот на 2006-06-04. Посетено на 2008-08-04.
- ↑ Iwata Speaks
- ↑ 2006 winners
- ↑ Wii takes lead
„Wii“ на Ризницата ? |