Activision
Activision (ATVI) (англиски изговор: активиж'н) е американска компанија која изработува и издава видеоигри, во сопственост на францускиот конгломерат Vivendi SA. Основана е на 1 октомври 1979[1] и е првиот независен изработувач и дистрибутер на видеоигри за играчки конзоли во светот. Првите производи на компанијата биле касети за конзолата Atari 2600 издавани од јули 1980 за американскиот пазар и од август 1981 за меѓународниот пазар.[2] Activision сега е еден од најголемите издавачи на видеоигри во светот, покрај производителите на конзоли, а во 2007 беше број еден издавач во САД[3] На 18 јануари 2008, Activision најави дека е најголемиот американски издавач за 2007, според NPD Group.[4]
На 2 декември 2007 беше најавено дека Activision ќе биде купен од Vivendi, со тоа што Vivendi ја дава својот оддел за игри заедно со пари, во замена за мнозинство акции во новата група. Activision и Vivendi Games се споија на 9 јули 2008, а новата компанија го доби името Activision Blizzard.[5] Activision сè уште постои како филијала на Activision Blizzard и сè уште ќе изработува и издава игри како Call of Duty и Guitar Hero, заедно со делови од интелектуалната сопственост на Vivendi.
Позначајни издадени игри
уреди- Fishing Derby (1980)
- Skiing (1980)
- Freeway (1981)
- Ice Hockey (1981)
- Kaboom! (1981)
- Stampede (1981)
- Barnstorming (1982)
- Pitfall! (1982)
- River Raid (1982)
- Robot Tank (1983)
- MechWarrior 2: 31st Century Combat (1995)
- Серијалот Quake (со исклучок на првата верзија на Quake)
- Heavy Gear (1997)
- Interstate '76 (1997)
- Battlezone (1998)
- Heavy Gear 2 (1999)
- Civilization: Call to Power (1999)
- Серијалот Tony Hawk (1999-)
- Star Trek: Voyager – Elite Force (2000)
- Mat Hoffman's Pro BMX (2001)
- Star Wars Jedi Knight II: Jedi Outcast (2002)
- Spider-Man од филмскиот серијал (2002–)
- Star Trek: Bridge Commander (2002)
- Star Trek: Starfleet Command III (2002)
- Star Wars Jedi Knight: Jedi Academy (2003)
- True Crime: Streets of LA (2003)
- Call of Duty series (2003–)
- Doom 3 (2004)
- True Crime: New York City (2005)
- Серијалот Guitar Hero (2006–) (со некои исклучоци)
- Marvel: Ultimate Alliance (2006)
- Crash: Mind over Mutant (2008)
- Prototype (2009)
- Wolfenstein (2009)
- DJ Hero (2009)
- Blur (2010)
- Shrek: Forever After (2010)
Наводи
уреди- ↑ Activision - Investor Relations: Historical Timeline Архивирано на 28 мај 2010 г. from Activision's official website
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-06-07.
- ↑ „Activision Beats EA As Top Third Party Publisher In U.S.“. Gamasutra. Посетено на 2007-07-24.
- ↑ „Video Game News, Video Game Coverage, Video Game Updates, PC Game News, PC Game Coverage - Neterion“. Архивирано од изворникот на 2022-12-27. Посетено на 2010-06-07.
- ↑ Regarding Vivendi - Activision merger and expectations[мртва врска]