Call of Duty: Modern Warfare 3
Call of Duty: Modern Warfare 2 (исто така нарекувана Call of Duty: MW3, Modern Warfare 3, Call of Duty 8 или едноставно MW3) — пукачка видеоигра од прво лице изработена од страна на Infinity Ward, Sledgehammer Games во соработка со Raven Software и објавена од страна на Activision за Microsoft Windows, PlayStation 3 и Xbox 360. Ова е осмата игра во серијалот, третата игра во Modern Warfare трилогијата и е директно продолжение на Call of Duty: Modern Warfare 2.
Call of Duty: Modern Warfare 3 | |
---|---|
Изработувач(и) | Infinity Ward Sledgehammer Games Дополнителна работа од страна на:
|
Издавач(и) | Activision Square Enix (Јапонија)[1] |
Дизајнер(и) | Глен Скофилд Мајкл Кондри |
Писател(и) | Пол Хегис Вил Степлс |
Композитор(и) | Брајан Тајлер |
Серијал | Call of Duty |
Погон | MW3 погон[2][3] |
Последна верзија | 1.15 (PS3) 1.11 (Xbox 360) 1 јули 413 (PC) |
Подлоги | Microsoft Windows, PlayStation 3, Wii, Xbox 360 |
Датум на издавање | 360, PS3 и Windows СА 8 ноември 2011 АВС 8 ноември 2011 ЕВР 8 ноември 2011 Wii СА 8 ноември 2011 |
Жанр(ови) | Пукач од прво лице |
Режим(и) | самостоен, групен (семрежен, мрежен, Nintendo Wi-Fi Connection, PlayStation Network, Xbox Live) |
Медиум | Blu-ray диск, ДВД-ДЛ, Wii Optical Disc, преземање |
Начин на контролирање |
Гејмпад, тастатура и глувче и Wii Remote |
Играта беше пуштена во продажба на 8 ноември 2011 година за Microsoft Windows, Xbox 360, PlayStation 3,[4] и за Wii,[5] со посебна верзија за Nintendo DS изработена од n-Space. Во Австралија, Wii верзијата беше пуштена во продажба на 23 ноември 2011 година.[6] Во првите 24 часа од пуштањето во продажба, играта продаде 6.5 милиони копии само во САД и Велика Британија и заработи околу 400 милиони долари, правејќи ја најголемата продажба на сите времиња за првите 24 часа.[7][8]
Гејмплеј
уредиКако и нејзините претходници, Modern Warfare 3 е пукачница од прво лице. На Gamescom 2011, Activision потврди дека PC верзијата на Modern Warfare 3 ќе поддржува dedicated опслужувачи.[9]
Кампања
уредиИграчот ја зазема улогата на различни карактери во текот на сингл-плеер кампањата, менувајќи перспективи низ приказната, која, како и во нејзините претходници, е поделена на три сета на мисии, наречени "Чинови". Секоја мисија во чиновите, е составена од серија на цели, кои се прикажани на HUD-от, кој ја обележува насоката и растојанието од и до целите. Штетата нанесена на играчот е прикажана преку количеството на крв на HUD-от. Здравјето на играчот се регенерира со текот на времето. Целите во мисиите се разликуваат според нивните побарувања, движејќи се од пристигнување на некое место, елиминарање на непријатели на означена локација, бранење на локацијата од непријателски ескадрони, управување со мини-ган и други оружја и поставување експлозиви на непријателски инсталации.
Кооперативен мод
уредиModern Warfare 3 прикажува нов мод, наречен Преживувачки мод (анг. Survival Mode. Овој мод можат да го играат еден или двајца играчи, борејќи се со бесконечни бранови на непријатели, со што, секој нареден бран е потежок е претходниот. Овој мод е достапен на сите мултиплеер мапи. Играчот заработува пари за оружја, муниција, надградби, воздушна/земјена поддршка и опрема.[10][11] Special Ops модот се враќа од Modern Warfare 2. Во овој мод има предизвикувачки мисии, кои овојпат, наместо 69 (како во Modern Warfare 2), имаат 48 ѕвездички. Некои оружја во Spec Ops се ексклузивни за тој мод, и ги нема во мултиплеерот.[12]
Мултиплеер
уредиЦелиот Килстрик систем е преработен. Килстриковите се сега познати како Поинтстрикови, и убиствата веќе не се единствениот начин за да се зголеми поинтстрикот на играчот. Извршувањето на цели, како на пример, поставување на бомба во Пронајди и Уништи (анг. Search and Destroy) или заземањето на знамиња во Заземи го Знамето (анг. Capture the Flag) го наградува со бодови Поинтстрикот на играчот. Поинтстриковите сега се организирани во три strike packages наречени Assault, Support и Specialist.
Assault работи исто како Килстрик системот од Modern Warfare 2 и Black Ops: играчот мора да освојува сè повеќе и повеќе бодови без умирање. Кога играчот е убиен, неговите или нејзините бодови се ресетираат на 0. Исто така, Specialist ги наградува играчите со перкови после секое второ последователно убиство. По смртта, играчот ги губи сите перкови и бодовите се ресетирани на нула. Обратно од нив, Support наградува врз основа на сите бодови освоени во текот на мечот, без разлика колку пати е убиен играчот. Мора да се напомене дека, доколку играчот одбере друга класа со различен strike package во текот на мечот, сите бодови се ресетирани на 0.[13]
Неколку контроверзни перкови од Modern Warfare 2 се отстранети од Modern Warfare 3. "Нуркањето", од станувачка во лежечка позиција, познато како "делфинско нуркање" е отстрането, поради проблеми во балансирањето.[14] Modern Warfare 3 го користи системот за "топла/брза поправка" (анг. hot fix) на Treyarch за поправа на багови и гличови.[15] Во Modern Warfare 3 е вклучена локална и он-лајн опција за "сплит-скрин".[16]
Неколку нови мултиплеер модови се претставени во Modern Warfare 3:
- "Потврдено Убиство" (анг. "Kill Confirmed") е мод каде што играчот треба да собере лебдечки дог таг (анг. dog tag) од трупот на убиениот непријател пред убиството да биде регистрирано. Сепак, спротивниот тим исто така може да го собере дог тагот за да го негира убиството.
- "Бранител на Тимот" (анг. "Team Defender") е мод каде што двата тима се обидуваат да го земат знамето од првиот играч кој ќе биде убиен откако мечот ќе почне. Тој тим којшто го има знамето, добива дупли бодови за секое убиство, додека другиот тим добива бодови по дифолт.
Приватните мечеви сега вклучуваат нови модови: "Инфицирани" (анг. "Infected") - каде што инфицираните ги убиваат непријателите за ги регрутираат во нивниот тим, "Тим Џугернот" (анг. "Team Juggernaut") - каде што секој тим игра со Џугерноти со AI (вештачка интелегенција), "Gun Game" - каде што играчот со секое ново убиство добива и ново оружје, "Еден во Комората" (анг. "One in the Chamber") - каде што секој играч има пиштол со еден куршум и три животи, а куршум се добива со убиство на играч) и "Џугернот" (анг. "Juggernaut") - каде што секој игра за себе против Џугернот и играчот треба да го убие за да стане ист таков. Исто така, на играчите им е дозволено да направат свои модови со прилагодени опции, како на пример, бројот на играчите и временскиот лимит.
Наводи
уреди- ↑ „Square Enix Confirms Call of Duty Modern Warfare 3 For Japanese Release“. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 8 јуни 2011.
- ↑ Marcus Yam. „Call of Duty: Modern Warfare 3 Engine Focused on Gameplay“. Tom's Hardware US. Посетено на Sep 6, 2011.
- ↑ Bowling, Robert (2011-06-10). „IAm Robert Bowling, Creative Strategist on Modern Warfare 3 AMA“. reddit. Посетено на 26 May 2012.
- ↑ Hoggins, Tom (17 мај 2011). „Call of Duty: Modern Warfare 3 release date“. The Daily Telegraph. Посетено на 19 мај 2011.
- ↑ „MW3 Wii Release Date in America“.[мртва врска]
- ↑ „MW3 Wii Release Date In Australia“.
- ↑ Macdonald, Keza (11 ноември 2011). „Modern Warfare 3 Has Biggest Launch Of Anything Ever“. IGN. Посетено на 14 ноември 2011.
- ↑ Magrino, Tom (11 ноември 2011). „Call of Duty: Modern Warfare 3 sets new launch records“. Gamespot. Посетено на 14 ноември 2011.
- ↑ „Modern Warfare 3 to have dedicated servers on pc“. Посетено на 17 август 2011.
- ↑ Crecente, Brian (2011-06-07). „Hands On With Modern Warfare 3's Version of Horde Mode“. Kotaku.
- ↑ Schramm, Mike. „Modern Warfare 3 preview: Spec Ops Survival mode“. Joystiq.
- ↑ Amrich, Dan (4 ноември 2011). „Some MW3 Info From The Gamespot Livestream“. OneOfSwords. Посетено на 4 ноември 2011.
- ↑ Parkin, Simon (2 септември 2011). септември 02-modern-warfare-3-multiplayer-detailed „Modern Warfare 3 Multiplayer Detailed“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). EuroGamer. Посетено на 2 септември 2011.[мртва врска] - ↑ No Dive To Prone in Modern Warfare 3, 13 август 2011, Архивирано од изворникот на 2011-11-10, Посетено на 13 август 2011 Укажано повеќе од еден
|archiveurl=
и|archive-url=
(help) - ↑ „MW3 Q&A With Robert Bowling On Reddit“. 11 јуни 2011. Посетено на 16 август 2011.
- ↑ Bennett, Matthew (12 септември 2011). „Split-Screen Local and Online Multiplayer Confirmed In Modern Warfare 3“. EGM. Архивирано од изворникот на 2011-10-06. Посетено на 12 септември 2011.