Бетмен засекогаш
Бетмен засекогаш (англиски: Batman Forever) — американски филм од 1995 година, посветен на фиктивниот лик „Бетмен (Batman)“ од стриповите на DC, а во режија на Џоел Шумахер. „Бетмен засекогаш“ е третиот филм во серијалот за Бетмен. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Вал Килмер, Томи Ли Џонс, Џим Кери, Крис О'Донел (Chris O'Donnell), Никол Кидман, Дру Баримор, Деби Мазар (Debi Mazar), Мајкл Гау (Michael Gough) и Пат Хингл (Pat Hingle). Ова е прв и единствен филм во кој улогата на Бетмен ја толкува Вал Килмер, како и првиот филм во серијалот за Бетмен во кој се појавува ликот на Робин. Филмот имал три номинации за наградата „Оскар“ во техничките категории, меѓу кои била и песната „Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me“ која била дело на ирската група „У2 (U2)“.[1]
„Бетмен засекогаш“ | |
---|---|
Режисер | Џоел Шумахер (Joel Schumacher) |
Продуцент | Тим Бартон Питер Макгрегор-Скот (Peter MacGregor-Scott) |
Сценарист | Ли Бачлер (Lee Batchler) Џенет Скот Бачлер (Janet Scott Batchler) Акива Голдсман (Akiva Goldsman) Бил Фингер Боб Кејн |
Главни улоги | Вал Килмер Томи Ли Џонс Џим Кери Никол Кидман Крис О'Донел Мајкл Гау Пат Хингл |
Музика | Елиот Голдентал (Elliot Goldenthal) |
Кинематографија | Стефен Голдблат (Stephen Goldblatt) |
Дистрибутер | Ворнер брос (Warner Bros.) |
Премиера | 16 јуни, 1995 |
Времетраење | 122 мин. |
Јазик | Англиски |
Буџет | $100,000,000 |
Бруто заработка | $336,531,112 (Низ цел свет) |
Претходен | Бетмен се враќа (1992) |
Следен | Бетмен и Робин (1997) |
Содржина
уредиНа градот Готам му се заканува опасноста од злосторниците Две Лица и Гатанката. Брус Вејн, т.е. Бетмен е единствениот кој може да им се спротивстави, а во тоа му помага убавата д-р Чејс Меридијан и еден млад циркуски акробат, кој станува помошникот на Бетмен, Робин.[1]