Бетмен засекогаш

(Пренасочено од Batman Forever)

Бетмен засекогаш (англиски: Batman Forever) — американски филм од 1995 година, посветен на фиктивниот ликБетмен (Batman)“ од стриповите на DC, а во режија на Џоел Шумахер. „Бетмен засекогаш“ е третиот филм во серијалот за Бетмен. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Вал Килмер, Томи Ли Џонс, Џим Кери, Крис О'Донел (Chris O'Donnell), Никол Кидман, Дру Баримор, Деби Мазар (Debi Mazar), Мајкл Гау (Michael Gough) и Пат Хингл (Pat Hingle). Ова е прв и единствен филм во кој улогата на Бетмен ја толкува Вал Килмер, како и првиот филм во серијалот за Бетмен во кој се појавува ликот на Робин. Филмот имал три номинации за наградата „Оскар“ во техничките категории, меѓу кои била и песната „Hold Me, Thrill Me, Kiss Me, Kill Me“ која била дело на ирската група „У2 (U2)“.[1]

„Бетмен засекогаш“
РежисерЏоел Шумахер (Joel Schumacher)
ПродуцентТим Бартон
Питер Макгрегор-Скот (Peter MacGregor-Scott)
СценаристЛи Бачлер (Lee Batchler)
Џенет Скот Бачлер (Janet Scott Batchler)
Акива Голдсман (Akiva Goldsman)
Бил Фингер
Боб Кејн
Главни улогиВал Килмер
Томи Ли Џонс
Џим Кери
Никол Кидман
Крис О'Донел
Мајкл Гау
Пат Хингл
МузикаЕлиот Голдентал (Elliot Goldenthal)
КинематографијаСтефен Голдблат (Stephen Goldblatt)
ДистрибутерВорнер брос (Warner Bros.)
Премиера16 јуни, 1995
Времетраење122 мин.
ЈазикАнглиски
Буџет$100,000,000
Бруто заработка$336,531,112 (Низ цел свет)
ПретходенБетмен се враќа (1992)
СледенБетмен и Робин (1997)

Содржина

уреди

На градот Готам му се заканува опасноста од злосторниците Две Лица и Гатанката. Брус Вејн, т.е. Бетмен е единствениот кој може да им се спротивстави, а во тоа му помага убавата д-р Чејс Меридијан и еден млад циркуски акробат, кој станува помошникот на Бетмен, Робин.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Мистериозна опасност за Готам“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 3.