30 дена темнина
30 дена темнина (англиски: 30 Days Of Night, буквално: 30 ноќни дена) — американски филм на ужасите заснован на истоимената серија стрипови. Режисер на филмот е Дејвид Слејд, а главните улоги ги толкуваат Џош Хартнет, Мелиса Џорџ и Дени Хјустон. Дејството се одвива во мал град во Алјаска, кој на почетокот на 30-дневната поларна ноќ е нападнат од банда крвожедни вампири.[2][3]
„30 дена темнина“ | |
---|---|
Плакатот на филмот | |
Режисер | Дејвид Слејд |
Продуцент | |
Главни улоги | |
Музика | Брајан Рејтцел |
Кинематографија | Џо Вилемс |
Монтажа | Арт Џонс |
Дистрибутер | Sony Pictures Releasing |
Премиера | 19 октомври 2007 г. |
Времетраење | 114 минути[1] |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 30 милиони долари |
Бруто заработка | 75,5 милиони долари |
Филмот, со буџет од 30 милиони долари, бил прикажан на 19 октомври 2007 г. во САД и на 1 ноември во Обединетото Кралство. За шест недели од прикажувањето, трилерот заработил 75 милиони долари. На 5 октомври 2010 г., продолжението на филмот, „30 дена темнина: Мрачни времиња“, било објавено, а минисерија со наслов „30 дена темнина: Крвави траги“ била објавена во 2007 г. на FEARnet.com.
Содржина
уредиЕбен Олесон е шериф во градот Бароу во Алјаска и поминува низ тешки времиња со неговата сопруга Стела. Двајцата се на работ на развод по бројните несогласувања и Стела се подготвува да го напушти Бароу, пред почетокот на периодот од 30-дневната поларна ноќ во кои ќе бидат прекинати сите врски со градот. Но поради сообраќајка таа не се качува во последниот авион и е принудена да го чека следниот, за 30 дена.
Истата вечер во градот почнуваат да се случуваат морничави работи. Сите кучиња се убиени, а таинствен странец се заканува дека „тие“ ќе дојдат и ќе ги убијат сите мештани на градот. Наскоро нападот навистина започнува и чудовишни убиства се случуваат на секој агол од градот. Додека Ебен сфаќа дека всушност се работи за вампири, со него ќе останат само Стела, неговиот помал брат Џејк и група од околу 10 други луѓе, кои се и единствените преживеани од градот. Во обид да најдат подобро засолниште, вампирите ги напаѓаат и убиваат еден по еден.
Преполовената група успева да стигне до 30-тиот ден, но кога Стела е во опасност, Ебен си вбризгува крв од друг вампир за да ја спаси. Џејк, Стела, Гејл Робинс (малото девојче што Стела го спасила) и уште 2 мештани на градот, Луси Ајкос и Дениз, остануваат единствените преживеани од колежот во Бароу, додека Ебен, на изгрејсонце, се претвора во пепел во рацете на Стела.
Наводи
уреди- ↑ „30 Days of Night (15)“. British Board of Film Classification. September 21, 2007. Посетено на February 12, 2016.
- ↑ SCI FI Wire (јули 30, 2007). „30 Days grabbed Raimi's Eye“. Sci Fi Wire. Архивирано од изворникот October 11, 2007. Посетено на 2007-07-30.
- ↑ „Raimi Mulls 30 Days“. Sci Fi Wire. јули 15, 2002. Архивирано од изворникот August 24, 2006. Посетено на 2006-10-13.
Надворешни врски
уреди„30 дена темнина“ на Ризницата ? |
- 30 Days of Night на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- „Production video journals“. Архивирано од изворникот на October 12, 2006. Посетено на 2006-12-09.
- 30 Days of Night на Metacritic