29 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1923 | Турција е прогласена за република — Национален ден на Турција. |
1944 | Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство. |
1994 | По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот. |
2013 | Пуштен во употреба железничкиот тунел „Мармарај“ преку потокот Босфор што ги поврзува Европа и Азија. |