16 септември (настани)
шаблон на Викимедија
1810 | Со масовно оружено востание на селаните, предводени од Мигел Идалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од Шпанија. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која била шпанска колонија од 1519 година. |
1941 | Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток, да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост мора да се оневозможат партизаните и за смртта на секој германски војник со смрт да се казнат 50 до 100 заложници. |
1959 | Францускиот претседател Шарл де Гол преку радиото на алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување. |
2010 | НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“, во чест на истоименото езеро во југозападна Македонија. |