Вилични ’рбетници
Вилични ’рбетници Период: доцен ордовик - денес | |
---|---|
Gnathostomata ги вклучува ‘рбетниците со вилица | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Потколено: | Vertebrata |
Инфраколено: | Gnathostomata |
Подгрупи | |
Placodermi † |
Виличните ’рбетници (на лат. Gnathostomata) сочинуваат голема група на ‘рбетници. Името на оваа група доаѓа од грчките зборови γνάθος (гнатос) што значи вилица и στόμα (стома) што значи уста.
Оваа група традиционално се смета за наткласа, разделена на две подгрупи: ‘рскавични риби и сите останати членови, како што се познатите класи на коскени риби, птици, цицачи, влекачи и водоземци. Таа е сестринска група на безвиличните ‘рбетници - Agnatha.
Скорешните генетски истражувања ја ревидираат систематиката на Gnathostomata како група.
Новите фосилни наоди укажуваат на тоа дека телодонтите (Thelodonti) се најблиските сродници на Gnathostomata.[1]
Се смета дека вилиците еволуирале од предните потпорни жабрени коскени лакови, кои преземале нова улога. Со отворањето и затворањето на усната празнина се испумпува водата кон жабрите - механизам на букална пумпа. Со ова, устата можела да стане поголема и поширока, овозможувајќи да се фати поголем плен. На овој начин, отворачкиот и затворачкиот механизам би станал посилен и поцврст, со што се изменил во вистински вилици.
Наместо заби, оклопните риби користеле остри коскени плочки, а поновите истражувања укажуваат на тоа дека вилиците кај оклопните риби еволуирале независно од тие на останатите вилични ‘рбетници.[2]
Други препознавачки одлики на денешните вилични ‘рбетници се миелинските обвивки на невроните. Исто така, присуството на стекнат имун систем кој користи V(D)J рекомбинација за да создаде препознавачки места за антигени.[3]
Виличните ‘рбетници најпрво се појавиле во Ордовик и станале чести во девонот.
Систематика и филогенија
уредиПоттип Vertebrata ├─(нерангиран таксон) Gnathostomatomorpha └─Инфратип Gnathostomata ├─Класа Placodermi — изумрена (наоружани или оклопни вилични ‘рбетници) └Микротип Eugnathostomata (вистински вилични ‘рбетници) ├─Класа Chondrichthyes (`рскавични риби) └─(нерангиран таксон) Целоусни (Acanthodii & Osteichthyes) ├─Класа Acanthodii — изумрени ("бодликави ајкули") └Наткласа Osteichthyes (коскени риби) ├─Класа Actinopterygii (зракоперки) └─Класа Sarcopterygii (резноперки) └Наткласа Tetrapoda ├─Класа Amphibia (водоземци) └(нерангиран таксон) Amniota (со амниотско јајце) ├─Класа Sauropsida (влекачи или сауропсиди) │ └─Класа Aves (птици) └─Класа Synapsida └─Класа Mammalia (цицачи) Забелешка: линиите ги прикажуваат еволутивните врски.
Наводи
уреди- ↑ Mark V. H. Wilson & Michael W. Caldwell (1993-02-04). „New Silurian and Devonian fork-tailed 'thelodonts' are jawless vertebrates with stomachs and deep bodies“. Nature (journal). Посетено на 2007-08-22.
- ↑ Susan Turner and Randall F. Miller (2005). „New Ideas About Old Sharks“. American Scientist. doi:10.1511/2005.3.244. Архивирано од изворникот на 2009-02-14. Посетено на 2007-08-22.
- ↑ Cooper MD, Alder MN (2006). „The evolution of adaptive immune systems“. Cell. 124 (4): 815–22. doi:10.1016/j.cell.2006.02.001. PMID 16497590.
Надворешни врски
уреди- Tree of Life discussion of Gnathostomata Архивирано на 13 август 2006 г.
- The Gill Arches: Meckel's Cartilage Архивирано на 21 февруари 2006 г.