Шлески дијалект
Долношлескиот јазик (наречен и само шлески) (долношлески: Schläsch, германски: Schlesisch) е германски дијалект/јазик кој се зборува во Долна Шлеска. Овој регион денес ѝ припаѓа претежно на југозападна Полска, но зазема дел и од североисточниот дел на Чешка и источна Германија.
Долношлески јазик Schläsch | ||
---|---|---|
Зборуван во: | Полска, Чешка, Германија[1] | |
Регион: | Долна Шлеска, Чешка, источна Германија. | |
Вкупно говорници: | непознат бр.[1] | |
Јазично семејство: | Индоевропски Германски Западногермански Горногермански Средногермански Источни средногермански[1] Долношлески јазик | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | нема | |
ISO 639-2: | gem | |
ISO 639-3: | id=sli sli |
Оваа група дијалекти е речиси исчезната.
Германскиот шлески дијалект дел од јазичната област источните средногермански јазици со извесни западнословенски влијанија. Веднаш по Втората светска војна Шлеска ѝ припаднала на Полска и веднаш започнало протерувањето на Германците источно од границата Одра-Ниса. Како резултат на ова германската шлеска култура и јазик речиси исчезнале. Полските власти им забраниле на преостанатите прогонувани Германци да говорат на мајчиниот јазик. Ова до денес останува нерешено прашање и за Полјаците и Германците - главно заради постапките на фашистичка Германија кон Полјаците, и заради присилното истерување и етничко чистење на германскиот народ од поранешните германски територии, кои со Потсдамската спогодба ѝ биле дадени на Полска.
Шлескиот германски дијалект не е воопшто признаен од полската влада, и покрај тоа што статусот на германското малцинство во Полска е прилично подобрен со падот на комунистичкиот режим во 1991 г. и влегувањето на Полска во Европската Унија. Оваа поголема група дијалекти може да се подели на неколку помали групи на говори: планински шлески, југоисточноошлески, средношлезски, западноплески и холандски.[2] североисточнобемската група исто така му припаѓа на шлеското говорно подрачје.[3][4]
Поврзано
уреди- Шлески — западнословенски јазик
- Герхарт Хауптман
- Западногермански јазици
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Напис на „Етнолог“ (англиски)
- ↑ Ludwig Erich Schmitt (Hrsg.): Germanische Dialektologie. Franz Steiner, Wiesbaden 1968, стр. 138-139
- ↑ Ludwig Erich Schmitt (Hrsg.): Germanische Dialektologie. Franz Steiner, Wiesbaden 1968, стр. 143
- ↑ Alois Kreller: Wortgeographie des Schönhengster Landes. Kraus, Nendeln 1939, 1979 Kraus, Том 3, стр. 3