Шипков Дол (Стојаково)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Шипков Дол

Карта

Местоположба 41°9′20″N 22°34′39″E / 41.15556° СГШ; 22.57750° ИГД / 41.15556; 22.57750
Основни податоци
Место Стојаково
Општина Богданци
Тип

 населба


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Шипков Дол археолошко наоѓалиште во богданското село Стојаково. Претставува археолошки наод - населба од хеленистичко време На 2 км западно од селото, на јужните падини од Голем Рид, во нивите на Спасо и Ѓорѓи Каеви, на површина од 300 × 100 м се гледаат грамади од кршен камен, тегули, имбрекси и многу фрагменти од керамички садови и питоси. Најдени се и повеќе камени плочи од гробни конструкции - тип циста. Сопствениците на нивите нашле сребрени монети од Александар Велики и бронзени монети од доцноантичкото време. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија и кај сопствениците на нивите од Стојаково.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 114, ISBN 9789989101069