Мурасаки Шикибу

(Пренасочено од Шикибу Мурасаки)

Шикибу Мурасаки — најдобро позната како писателката на најстариот роман Генџи моногатари (јапонски: 源氏物語) напишан во првата децнија на 11 век. Родена била во тогашниот главен јапонски град Кјото во 973 и умрела околу 1014 или 1025.

Мурасаки Шикибу прикажана на карта од играта на збирка од сто песни - Хјакунинишу

Татко и` бил офицер во империјалниот суд. Откако умрела мајка и`, татко и` зел да ја воспитува и образува во машки стил. Само мажите во тоа време смееле да го учат кинеското писмо (јазикот на судот) но таа била запознаена со ова покрај хираганата и катаканата што и придонело да има висока писменост.

Иако романот Генџи моногатари бил измислена приказна, сепак тој бил темелен врз секојдневни сведочени настани во нејзината главна работа како прислужникарка на тогашната царица.

Други дела

уреди
  • Збиркапоезија - Мурасаки Шикибу
  • Дневник на Мурасаки Шикибу