Шериф-бегова џамија

Шериф-бегова џамија (турски: Sherif Bey Cami) — поранешен муслимански храм во Битола.[1]

Шериф-бегова џамија
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
ПрипадностСунитски ислам
Статусстанбен
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска архитектура, неокласична архитектура
Завршен1828
Особености
Минариња1

Местоположба

уреди

Се наоѓала во јужниот дел на градот, на десниот брег на Драгор, зад зградата на Музичкото училиште.[1]

Историја

уреди

Зачувана е мермерна плоча со димензии 82х51 см со натпис на османлиски турски јазик, која вели дека неговиот храм и медреса биле изградени од Мехмед Задех Шериф Ахмед-бег Охридски во 1244 година од хиџра (1828 г.), кој исто така му оставил голема донација на вакафот. Зградата е претворена во станбена. На неговата јужна страна е зачувана основата на минарето. Во една од собите е видлива штуко-декорација која го означува местото на михработ.[1]

Архитектура

уреди

Џамијата е делумно зачувана. Има правоаголна основа. Покриена е со кос покрив со ќерамиди. Фасадата е украсена со неокласични елементи типични за архитектурата од 19 век.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Mihajlovski, Robert (2013). „The Nineteen-Century Ottoman Religious Architecture and Culture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. (11): 216. Посетено на 18 март 2022.