Шебеник

планина во источна Албанија

Шебеник (албански: Shebenik) — планина кај Либражд, источна Албанија, недалеку од границата со Македонија. Сместена е веднаш на запад од Јабланица, од која е одвоена со долината на реката Бистрица (Албанија) и областа Струшки Дримкол понатаму на североисток. Најблизок град 2,5 км североисточно од Либражд и 12 км северозападно од Струга.

Шебеник
Shebenik
Поглед на Шебеник од долината
Највисока точка
ВрвШебеник
Надм. височина2.253 м
Величина
Должина20 км СЗ-ЈИ
Ширина12 км ЈЗ-СИ
Географија
Шебеник is located in Албанија
Шебеник
Местоположба на Шебеник
Земји Албанија
ОпштинаЛибражд
Координати41°12′N 20°28′E / 41.2° СГШ; 20.47° ИГД / 41.2; 20.47

Масивот е долг 20, а широк околу 12 км. Највисокиот врв, исто така наречен Шебеник (Maja e Shebenikut), се наоѓа на 2.253 м надморска височина, а има неколку врва од преку 2.000 м.

Планината е особено значајна поради природното богатство и затоа е заштитена како дел од националниот парк Шебеник-Јабланица. Од особен интерес е запазувањето на рисот[1] и неговото живеалиште на неа.

Леднички езера

уреди

Шебеник има девет леднички езера, од кои најјужно и најголемо е Рајчичкото (Liqeni i Rrajcës), сместено на источниот срт. Долго е 220, а широко 160 м.

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Proclamation of the natural ecosystem of Shebenik – Jabllanica as a "National Park". Cat Specialist Group. Архивирано од изворникот на 2017-05-12. Посетено на 2015-08-14.

Надворешни врски

уреди