Шарланди (Аџибегово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Шарланди“
| |
Местоположба | 41°45′37″N 21°59′7″E / 41.76028° СГШ; 21.98528° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Аџибегово |
Општина | Лозово |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Шарланди — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Аџибегово. Претставува средновековна населба и некропола. Близу до утоката на Светиниколска Река во Брегалница, на околу 3,5 км од селото, на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Има и гробови градени од камени плочи, поставени во правец запад-исток. Во 60-тите години биле најдени белезици од стаклена паста и друг средновековен накит.[1]
Поврзано
уреди- Могила — могила — некропола од доцноантичкото време и средниот век;
- Аџибегово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 346, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |