Шалготарјан

Шалготарјан (унгарски: Salgótarján) е град во Северна Унгарија кој претставува административен центар на округот Ноград. Се наоѓа на само 5 km од унгарската граница со Словачка.

унг: Salgótarján
мк: Шалготарјан
Панорама на Шалготарјан.
Панорама на Шалготарјан.
Знаме на унг: Salgótarján мк: Шалготарјан
Знаме
Грб на унг: Salgótarján мк: Шалготарјан
Грб
Држава Унгарија
ОкругНоград
Површина
 • Вкупна102,96 км2 (3,975 ми2)
Население (2005)
 • Вкупно43.169
 • Густина419,44/км2 (108,630/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код3100
Повик. бр.32
Мреж. местоsalgotarjan.hu

ГеографијаУреди

Шалготарјан се наоѓа во крајниот северен дел на денешна Унгарија, 75 km североисточно од столицата на државата Будимпешта. Шалготарјан е и највисоката населба во државата, затоа што се наоѓа во планинскиот дел на Унгарија, на 250 m надморска височина. Градот е сместен под шумски брда на планината Черхат, што на овој град му дава една потполно поинаква слика од вообичаениот унгарски град.

ИсторијаУреди

Населувањето на местото на денешниот град се случило за време на средниот век. Во 13 век во градот се споменува постоење на замок и црква. Но, според податоците во следните векови изгледа дека Шалготарјан бил мало село.

Наглиот развиток на градот се случил во средината на 19 век кога бил отворен рудник за јаглен. Селото брзо се развивало, а во 1922 и официјално станало град, а во 1950 година и ново седиште на округот Ноград. За време на комунизмот градот бргу се развивал и раширил.

Градот во 1994 год. конечно добил официјална титула на велеград како седиште на округот, но во ова време дошло до затворање на рудниците за јаглен, а со тоа се случило и огромен бран на невработеност што и денеска претставува голема тешкотија за градот. Како симбол на минатите времиња во градот постои Музеј на Рударството.

Надворешни врскиУреди