Чукотско-камчатски јазици

Чукотско-камчатските јазици сочинуваат јазично семејство кое се зборува во Рускиот Далечен Исток, поточно во североисточните краеви на Сибир. Говорниците на овие јазици се ловци и полуномади. Понекогаш ова јазично семејство е типолошки и географски класифицирано со палеосибирските јазици, но нема цврсти докази за оваа класификација. Најпопуларната теза за поврзаноста на ова јазично семејство е со ескимско-алеутските јазици.

Чукотско-камчатски јазици
Географска
распространетост:
Руски Далечен Исток, Русија
Класификација:чукотско-камчатски
Прајазик:прачукотско-камчатски
Гранки:
ISO 639-2 и 639-5:cc

Географска распространетост на јазиците во 17 век (во линии) и на крајот на 20 век (еднобојно).

Јазици

уреди

Ова јазично семејство е составено од две подгрупи: чукотски јазици и камчатски јазици. За чукотските јазици се смета дека се составени од еден до четири јазика, а камчатските јазици се составени од само еден преживеан јазик. Поврзаноста меѓу ителменскиот јазик со чукотските е далечна и скоро потврдена. Скоро сите говорници се двојазични и зборуваат руски.

Сродност со останати јазични семејства

уреди

Чукотско-камчатските јазици, општо гледано, не се поврзани со ниту едно јазично семејство. Понекогаш се класифицирани со палеосибирските јазици. Оваа класификација е сèопфатна и ги опфаќа сите јазици кои се зборувале во Сибир пред доаѓањето на тунгуските и туркиските јазици.

Според Џозеф Гринберг, јазиците се дел од евроазиските јазици, предложено макросемејство кои ги опфаќа индоевропските, алтајските и ескимско-алеутските јазици. Оваа теза е спорна, иако има јазичари кои ја поддржале.

Наводи

уреди
  • Baldi, Philip. 2002. The Foundations of Latin. Berlin: Mouton de Gruyter.
  • Fortescue, Michael. 1998. Language Relations Across Bering Strait. London: Cassell & Co.
  • Fortescue, Michael. 2005. Comparative Chukotko–Kamchatkan Dictionary. Trends in Linguistics 23. Berlin: Mouton de Gruyter.
  • Greenberg, Joseph H. 2000. Indo-European and Its Closest Relatives: The Eurasiatic Language Family. Volume 1, Grammar. Stanford: Stanford University Press.
  • Greenberg, Joseph H. 2002. Indo-European and Its Closest Relatives: The Eurasiatic Language Family. Volume 2, Lexicon. Stanford: Stanford University Press.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди