Камчатските јазици се подгрупа на чукотско-камчатските јазици. Овие јазици или група дијалекти се зборуваат во Далечниот Исток на Русија или на Камчатка. Денес од оваа група само еден јазик е преживеан, ителменски јазик. Според податоците од 1991 година, овој јазик го зборувале помалку од 100 жители, повеќето старци.

Камчатски јазици
Ителменски јазик
Географска
распространетост:
Далечен Исток
Класификација:Чукотско-камчатски
  • камчатски јазици
Гранки:

Постојат тези, нецелосно поддржани, за можно постоење во минатото на уште два јазика или дијалекти. Денес овие се изумрени, но најверојатно биле доволно различни од ителменскиот за да се сметаат за посебни јазици (Комри, 1981). Трите дијалекта/ јазика биле зборувани во западните, источните и јужните предели на Камчатка.

Класификација

уреди

Единствениот жив јазик од оваа група е ителменскиот јазик, познат и како камчатски јазик. Овој јазик не е сосема сроден со чукотските јазици. Иако е многу оддалечен од чукотските јазици, морфолошките сличности наведуваат овој јазик е дел од исто семејство со чукотските (Комри, 1981).

Наводи

уреди
  • Comrie, Bernard. 1981, The Languages of the Soviet Union. Cambridge University Press.
  • Fortescue, Michael. 1998. Language Relations Across Bering Strait. London: Cassell & Co.
  • Fortescue, Michael. 2005. Comparative Chukotko–Kamchatkan Dictionary. Trends in Linguistics 23. Berlin: Mouton de Gruyter.

Поврзано

уреди