Ескимско-алеутски јазици
Ескимско-алеутските јазици сочинуваат јазично семејство кое се зборува во Алјаска, Северна Канада, Гренланд и во источен Сибир во Русија. Ова јазично семејство е поделено на две гранки, од кои ескимските јазици сочинуваат една подгрупа, додека алеутскиот сочинува своја посебна подгрупа. Алеутската подгрупа има само еден јазик кој се зборува на Алеутските Острови, додека ескимската е поделена на јупички јазици и инуитски јазици. Јупичките се зборуваат во Алјаска и Сибир, додека инуитските во северозападна Алјаска, Канада и Гренланд. Точното место на сиреничко-ескимскиот јазик не е сосема утврдено, бидејќи некои јазичари го сметаат за посебна гранка од јупичките јазици,[1] додека пак ддруги го сметаат за посебна гранка од ескимските јазици.[2] Ескимско-алеутските јазици не се сродни со останатите индијански јазици во Америка, но често се сметаат за такви поради геграфската положба, а не сродноста на јазиците или народите.
Ескимско-алеутски јазици | |
---|---|
Eskaleut | |
Географска распространетост: | Алјаска, Канада, Гренланд, Сибир |
Класификација: | Ескимско-алеутски |
Прајазик: | праескимскоалеутски праескимски |
Гранки: |
ескимски
алеутски
|
ISO 639-5: | esx |
Ескимско-алеутските јазици во САД, Канада и Гренланд. |
Јазици
уредиескимско-алеутски јазици
- алеутски
- западно-централни дијалекти: аткански, атуански, унангански, бериншки (60–80 говорници)
- источни дијалекти: уналаскански, прибилофски (400 говорници)
- ескимски јазици
- јупички
- централно-аласкански јупички јазик (10.000 говорници)
- алутички јазик (400 говорници)
- сибирско-јупички јазик (1400 говорници)
- наукански јазик (70 говорници)
- чаплински
- сиреничко-ескимски јазик (исчезнат)
- инуитски јазици (98.000 говорници)
- инупијатски јазик (3.500 говорници)
- инувијалучки јазик (765 говорници)
- инуктитут (40.000 говорници)
- нунатсијавумиутски дијалект (550 говорници)
- инутитутски диајлект
- гренландски јазик (54.000 говорници)
- инуктунски јазик (околу 1.000 говорници)
- тунумитски јазик (3.500 говорници)
- јупички
Наводи
уреди- ↑ "Ethnologue report for Yupik Sirenk", Ethnologue, Retrieved 2008-08-25.
- ↑ "Alaska Native Languages – An Overview" Архивирано на 9 мај 2008 г.. Retrieved 2008-08-25.
Користена литература
уреди- Bernet, John W. 1974. An Anthology of Aleut, Eskimo, and Indian Literature of Alaska in English Translation. Fairbanks, Alaska.
- Conference on Eskimo Linguistics, and Eric P. Hamp. 1976. Papers on Eskimo and Aleut Linguistics. Chicago: Chicago Linguistic Society.
- Dumond, Don E. 1965. On Eskaleutian Linguistics, Archaeology, and Prehistory.
- Fleming, Harold C. 1987. "Towards a definitive classification of the world's languages." Diachronica 4.1/2:159-223.
- Fortescue, Michael D. 1984. Some Problems Concerning the Correlation and Reconstruction of Eskimo and Aleut Mood Markers. København: Institut for Eskimologi, Københavns Universitet. ISBN 8787874105
- Fortescue, Michael D., Steven A. Jacobson, and Lawrence D. Kaplan. 1994. Comparative Eskimo Dictionary with Aleut Cognates. Fairbanks, Alaska: Alaska Native Language Center, University of Alaska, Fairbanks. ISBN 1555000517
- Fortescue, Michael. 1998. Language Relations across Bering Strait: Reappraising the Archaeological and Linguistic Evidence. London and New York: Cassell. ISBN 0-304-70330-3
- Greenberg, Joseph H. 2000. Indo-European and Its Closest Relatives: The Eurasiatic Language Family, Volume 1: Grammar. Stanford, California: Stanford University Press.
- Greenberg, Joseph H. 2002. Indo-European and Its Closest Relatives: The Eurasiatic Language Family, Volume 2: Lexicon. Stanford, California: Stanford University Press.
- Holst, Jan Henrik 2005. Einführung in die eskimo-aleutischen Sprachen. Hamburg: Buske.
- Marsh, Gordon H. 1956. The Linguistic Divisions of the Eskimo–Aleut Stock.
- Swift, Mary D. 2004. Time in Child Inuktitut: A Developmental Study of an Eskimo–Aleut Language. Studies on Language Acquisition 24. Berlin: Mouton de Gruyter. ISBN 3110181207
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Ескимско-алеутското јазично семејство Архивирано на 23 јули 2011 г.
- Аласкански центар за староседелски јазици Архивирано на 23 јануари 2009 г.
Оваа статија за ескимско-алеутските јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |