Венда (јазик)
Венда (самон. чивенда или лувенда) е банту-јазик со статус на службен јазик во ЈАР. Највеќето говорници на јазикот живеат во северниот дел на покраината Лимпопо во ЈАР, а 10% живеат во Зимбабве. Венда е сроден со јазикот каланга (западен шона) што се говори во Боцвана и Зимбабве. За време на апартхејдот е создаден бантустанот Венда како дом на говорниците на овој јазик во ЈАР.
Венда | |
---|---|
Tshivenḓa | |
Застапен во | ЈАР, Зимбабве |
Подрачје | покраина Лимпопо |
Говорници | 980.000 во ЈАР (2006)[1] 84.000 во Зимбабве (1989)[1] |
Јазично семејство | |
Писмо | латиница |
Статус | |
Службен во | ЈАР |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ve |
ISO 639-2 | ven |
ISO 639-3 | ven |
Linguasphere | 99-AUT-b вклуч. варијанти 99-AUT-baa до 99-AUT-bad |
Гатриев код | S.20 (S.21)[2] |
Географска распространетост на јазикот венда во ЈАР: дел од населението што говори венда во домот. |
Азбука
уредиЈазикот венда ја користи латиницата со пет посебни акцентирани букви. Четирите забни согласки се означени со подредни ченгелчиња (ḓ, ḽ, ṋ, ṱ), а заднонепченото ṅ е означено со надредна точка. Постојат пет самогласни букви, а со нив се претставуваат седум самогласки. Буквите C, J и Q се користат само во странски зборови.
A a | B b | (C c) | D d | Ḓ ḓ | E e | F f | G g | |
H h | I i | (J j) | K k | L l | Ḽ ḽ | M m | N n | |
Ṋ ṋ | Ṅ ṅ | O o | P p | (Q q) | R r | S s | T t | |
Ṱ ṱ | U u | V v | W w | X x | Y y | Z z |
Јазикот венда ги разликува забните ṱ, ṱh, ḓ, ṋ, ḽ од венечните t, th, d, n, l, како и усненозабните f, v од двоуснените fh, vh (овие малку заоблени), што е одлика и на еве. Не постојат чкрапави согласки; x го претставува гласот „х“. Како и кај другите јужноафрикански јазици како зулу, ph, ṱh, th, kh се приздивни, а p, ṱ, t, k се исфрлени.
pʰ | t̪ʰ | tʰ | kʰ | kʷʰ | ||||
pʼ | t̪ʼ | tʼ | kʼ | pʷʼ | ||||
b | d̪ | d | dʲ | ɡ | bʷ | |||
pfʰ | tsʰ | tsʷʰ | tʃʰ | |||||
bv | dz | dzʷ | dʒ | |||||
ɸ | f | s | sʷ | ʃ | x | h | ||
β | v | z | zʷ | ʒ | ||||
m | n̪ | n | ɲ | ŋ | ŋʷ | |||
l̪ | l | |||||||
r | ||||||||
j | w |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Венда - Ethnologue (XVI изд, 2009)
- ↑ Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
Надворешни врски
уредиИздание на Википедија — слободната енциклопедија на венда (јазик) |
- Венда - Ethnologue (англиски)
- Венда - PanAfrican L10n (англиски)