Чибук
Чибук (турски: çıbuk, çubuk, „стап“)[1] — релативно долга шуплива цевка за тутунско луле, често во комплет со глинена посатка украсена со скапоцени камења.[2][3] Цевката на чибукот обично е во распон од 1,2 до 1,5 метри, малку повеќе дури и од цевките од западните черчворден лулиња. Иако се првенствено познати како турски лулиња, чибуците исто така се популарни во Иран.
Како и кинеските опиумски лулиња, чибуците се стари уреди за пушење и многу ретко се произведуваат во современо време. Нивната употреба во Турција и на Блискиот Исток згаснала со порастот на популарноста на наргилето и цигарите. Старите чибуци и чинии за чибуци сè уште може да се купат како антиквитети.
Слични лулиња некогаш биле користени во Северна Африка за пушење хашиш.[4] Некои специјализирани чибуци се направени да служат како долги цевки за држење цигари. Некои имаат одвоиви делови за устата што се откачуваат.
Познато е дека Енвер-паша пушел чибук,[5] како и Јаргис ел-Џухари (Моалем Гургус Кофт), коптски египетски водач избран да биде општ надгледник на целиот Египет од Наполеон во 1798 година.
Наводи
уреди- ↑ chibouk, Dictionary.com Unabridged (v 1.1). Random House, Inc. 2009.
- ↑ „чибук“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „чибук“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ probertencyclopaedia.com Архивирано на 29 април 2013 г. Probert Encyclopedia - Chibouk
- ↑ flickr.com Детаљ од фотографија 1910 CORBIS на која Енвер-паша пуши чибук