Четириока патка
Четириока патка | |
---|---|
Возрасен мажјак (Bucephala clangula americana) | |
Возрасна женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Потсемејство: | Merginae |
Род: | Bucephala |
Вид: | Четириока патка |
Научен назив | |
Bucephala clangula (Карл Лине, 1758) | |
Подвидови | |
(Eurasian Goldeneye)
(American Goldeneye) | |
Синоними | |
Clangula clangula |
Четириоката патка (Bucephala clangula) е со средна големина. Тие се слични со нивните најблиски роднини Bucephala islandica и ги има во Македонија.
Опис
уредиВо англискиот, името го добиле поради нивните златно-жолти очи (Common Goldeneye), а во македонскиот поради белите кругови под очите. Возрасните мажјаци имаат темна глава со зеленикав сјај и бели кругови под очите, темен грб, бел врат и бел стомак. Возрасните женки имаат кафена глава и сиво тело. Нивните нозе и стапала се портокалова-жолта боја. Возрасните мажјаци се долги 45–52 см и тежат од 888 до 1400 g, а женките се долги 40–50 см и тежат 500 до 1182 g.
Распространетост
уредиНивното главно живеалиште е тајгата. Тие се наоѓаат во реките и езерата на северните шуми во Канада и северниот дел на Америка,Скандинавија и северна Русија. Прават гнезда во шуплините на големите дрвја. Тие се доста честа појава во зима околу езерата на Велика Британија, а некои од нив прават гнезда за да останат преку целата година.
Живеалиште и размножување
уредиОбично, гнездата ги прават од скршени гранки, или, пак, ги користат дупките во дрвата направени од црниот клукајдрвец, единствената дрвена празнина доволно голема за да се сместат четириоките патки. Просечната големина на снесените јајца е ширина од 43,3 мм со должина од 59,3 мм и тежина од 64 грама. Инкубациониот период трае од 28 до 32 дена. За време на инкубацијата, мажјаците ги напупштаат женките за период од 1 до 2 недели. Новорденчињата по раѓањето не го напуштаат гнездото за околу 24-36 часа. Доста честа појава е да се сретне новороденче измешано со друг вид патка. Познато е дека новореденчињата често се убиени од друга мајка, на пример од црвеноврат нуркач. Малите се способни за лет по 55-65 дена од испилувањето.
Исхрана
уредиОвие птици имаат способност да нуркаат под вода. Во текот на целата година 32% од нивниот плен се ракови , 28% се водни инсекти и 10% се мекотелите. На локално ниво, икрите и водните растенија се важни во нивната исхрана. Тие се жртви на разни други птици како јастреб, був и орел, додека женките и нивните легла ги следи опасност од мечка, лисица и црвена верверица.
Статус
уредиЧетириоките патки се законски заштитени со Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици (AEWA). Околу 188 300 четириоки патки се убиени од страна на ловците во Северна Америка, што претставува околу 4% од вкупниот број патки убиени во тој регион во 1970-те.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Bucephala clangula“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
Надворешни врски
уреди„Четириока патка“ на Ризницата ? |
- Common Goldeneye videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection
- Cornell Lab of Ornithology: Common Goldeneye
- USGS Patuxent Bird Identification InfoCenter: Common Goldeneye
- photograph of adult Архивирано на 28 септември 2007 г.
- photograph of courtship display Архивирано на 28 септември 2007 г.
- eNature.com: Common Goldeneye Архивирано на 29 септември 2007 г.
- Common Goldeneye wildlife photos and voice Архивирано на 18 февруари 2012 г.
- Feathers of Common Goldeneye (Bucephala clangula) Архивирано на 4 март 2018 г.