Чернево (река)
Чернево (грчки: Μαυρόρεμα, до 1968 г. Τσερνέβο, Цернево[1]) — река в Кајларско, Егејска Македонија, притока на Килот.[2][3]
Чернево Μαυρόρεμα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Кајларско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Мурик |
• координати | 40°28′32″N 21°30′44″E / 40.4755° СГШ; 21.5121° ИГД |
Устие | |
• место | Килот кај Котлари |
• координати | 40°33′29″N 21°43′07″E / 40.5580° СГШ; 21.7185° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение
уредиРеката извира од планината Мурик, северно под врвот Мурик (1.703 м). Тече на североисток и излегува од планината западно од Емборе. Тука ја прима левата притока Череши која проаѓа низ Ланга и влегува во регулиран канал под името Цирога. Тече на североисток напоредно на Кајларски Рид. Ја прима левата притока Белева Река (Ксиропотамос). Минува источно од Чор и свртува на исток, правејќи низа свиоци. Јужно од Черни Врв (702 м) на реката се наоѓа вештачкото Биралско Езеро. Под името Кајлар Кури проаѓа низ Биралци и се влева во Килот спроти селото Котлари.[2]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
- → Череши[2]
- → Белева Река[2] (Крива Река[3])
- → Рам Дол[2]
Наводи
уреди- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1051. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 3,0 3,1 Flórina GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.