Белева Река[1] или Беливо[2] (грчки: Ξηροπόταμος, Ксиропотамос) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Чернево (Циронга).[2]

Белева Река
Ξηροπόταμος
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКостурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоСмолика
 • координати40°34′02″N 21°29′54″E / 40.5672° СГШ; 21.4983° ИГД / 40.5672; 21.4983
Устие 
 • место
Чернево кај Конуј
 • координати
40°32′23″N 21°36′08″E / 40.5397° СГШ; 21.6021° ИГД / 40.5397; 21.6021
Особености на сливот

Описание

уреди

Реката извира во јужниот дел на планината Вич, источно од врвот Саргоница (1.382 м). Тече на југ и во месноста Мијалица прима лева притока, која исто така извира од Вич. Источно од Мокрени ја прима деесната притока Ројба (или Бости,[3] во 1969 г. преименувана во Мелисорема[4]), која доаѓа од Клисура. Потоа прави нагол завој на исток. Прима низа десни притоки кои извираат под врвовите Стена (944 м) и Цименто (906 м) на Вич, меѓу кои и реката Мокрена, како и низа леви кои извираат од Мурик. На крајот се влева во Чернево северно од Конуј[2] под името Крива Река.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Симеоновъ, Анастасъ (1931). Мокрени (моето родно село) (PDF). Варна: Печатница „Войниковъ“. стр. 5.
  2. 2,0 2,1 2,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. 3,0 3,1 Flórina GSGS (Series); 4439. 2nd ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/9542." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  4. „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)