Црквиште (Цер)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Црквиште“
| |
Местоположба | 41°25′0″N 21°4′29″E / 41.41667° СГШ; 21.07472° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Цер |
Општина | Кичево |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Црквиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Цер. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 1,5 км југоисточно од селото, во приватна нива, што лежи на мала височинка, каде во 1977 година биле копани темели за нова црква. Со работите биле откриени остатоци од ѕидови ѕидани од кршен камен и варов малтер, како и гробови со конструкции од камени плочи, поставени во правецот исток-запад. Во еден од гробовите била најдена железна статуетка. Сопственикот на нивата уште пред Втората светска војна со орањето откопал повеќе гробови со керамички прилози[1]
Поврзано
уреди- Селиште — населба од доцен среден век;
- Тареа Краста — доцноантичка тврдина;
- Цер;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069