Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Лагор
црква во поранешното село Лагор, Костурско
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква кај некогашното село Лагор, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Успение на Пресвета Богородица | |
---|---|
Κοιμήσεως της Θεοτόκου | |
40°25′37.1″N 21°18′8.5″E / 40.426972° СГШ; 21.302361° ИГД | |
Место | Лагор, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1860 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Костурско |
Епархија | Костурска |
Селото е возобновено од крајот од XVIII до почетокот на XIX век од влашки овчари дојдени од уништеното Москополе.[1] Црквата е изградена во 1860 г. година врз урнатините на постар храм.[2] Храмот е релативно мал и има три преносливи икони од XVII и XVIII век, веројатно донесени од Москополе. Зачувани се и оригиналниот обичен иконостас и неколку икони од 1853 г., неколку фрески 1875 г. Има и две-три мали икони, дело на народни зографи од средината на XIX век, меѓу кои и имитација на ватопедската икона „Света Богородица Утешителка“.[1]
-
„Исус Христос“, XVII век
-
„Пресв. Богородица Патеводителка“, XVIII век
-
„Пресв. Богородица Утешителка“, XIX век
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Η Παναγία Παραμυθία η Βατοπαιδινή. Η εικόνα της στη Λάγουρα Άργους Ορεστικού {μέσα του 19ου αι.}“. Φως της Καστοριάς. 18 март 2020. Посетено на 20 март 2020.
- ↑ „Παρεκλήσια“. Ι.Ν.Αγίας Παρασκευής Άργους Ορεστικού. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 24 август 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Лагор на Ризницата ?